Брзи измени на Законот за Судски совет?! Филков: Ја разгледуваме опцијата

February 3, 2025
1 min read

Брзи измени на Законот за Судски совет кои ќе овозможат да се отповикаат членовите кои се таму назначени од Собранието – ова е една од опциите на власта, што ќе овозможи итна кадровска промена во Советот. Потврда пристигна од министерот за правда Игор Филков, кој додаде дека конечна одлука може да се очекува наскоро.

„Тоа е веќе разговарано и е на маса и го разгледуваме како една од опциите“, изјави Игор Филков, министер за правда.

Ваквата можност прв ја спомена премиерот Христијан Мицкоски пред еден месец, но оттогаш па наваму постоеја правни дилеми дали е законски изводлива. Од неговата партија уште немаат финален став како ќе го реформираат Советот, иако на почетокот од власта најавија и негово целосно распуштање, што предизвика жестоки критики.

„После негативниот Извештај на Судскиот совет во Собранието, се поведе една таква дебата, меѓутоа јавноста знае дека предвидовме распуштање на Судскиот совет и реформи во врска со неговата работа, а формата и начинот на којшто ќе биде спроведена тоа останува дополнително да го утврдиме“, изјави Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ пак, беше на став дека отповикувањето на петтемина членови назначени во Советот од страна на Собранието е чекор на власта кон целосна окупација на судството и најавија дека ќе се спротивстават на намерата. За измените, на власта би и биле потребни 80 пратеници „за“. Претседателот на Советот, Александар Камбовски, неодамна истакна дека е логично „оној кој те назначил да може да те отповика“, но, како што додаде, актуелното законодавство тоа не го овозможува.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

18 НАЦИОНАЛНИ УСТАНОВИ ДОБИЈА ДЕЛЕГИРАН БУЏЕТ, ЌЕ ИМААТ ПОГОЛЕМА АВТОНОМИЈА, НО И ОДГОВОРНОСТ, РЕЧЕ МИНИСТЕРОТ ЉУТКОВ ЗА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА

Следно

Тошковски на средба со постојаниот координатор на ООН во Македонија, Рита Колумбиа

Latest from Blog

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,
Go toTop