Во судир меѓу два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба, Шпанија, загинаа најмалку 40 лица, а повеќе од 150 беа повредени. Извор од регионалната влада изјави за шпанската телевизија RTVE дека 37 лица сè уште се водат како исчезнати.
На местото на несреќата, истражителите пронајдоа оштетен спој на шините за кој се верува дека е клучна причина за излетувањето на возот од шините, објави Ројтерс, повикувајќи се на извор запознаен со првичните наоди на истрагата.
Несреќата се случила во недела околу 19:40 часот кога последните три вагони од возот Ирјо, кој сообраќал на линијата Малага – Мадрид со 317 патници, излетале од шините на влезните прекинувачи во Адамуз.
Вагоните преминале на соседната пруга, каде што во тој момент возот „Ренфе“ од Мадрид до Хуелва минувал во спротивна насока, со брзина од околу 200 км/ч, што предизвикало тој да излета од шините.
Шпанскиот министер за транспорт, Оскар Пуенте, зборуваше на националната телевизија за околностите што доведоа до железничката несреќа. Претходно, имаше извештаи дека експертите што спроведуваат првична истрага во Адамуз пронашле оштетување на пругата.
„Во овој момент се собираат податоци и затоа оваа теорија е само една од низата други шпекулации“, вели Пуенте.
Извор: tv21


