Бројот на загинати во шумските пожари на Хаваи се искачи на 89, стотици луѓе сѐ уште се водат како исчезнати

August 13, 2023
1 min read

Властите почнаа да им дозволуваат на жителите да се вратат во Западен Мауи, иако пожарната зона во Лахаина остана забарикадирана

Бројот на загинати во шумските пожари во Мауи, на Хаваи, сега изнесува 89, што го прави најсмртоносниот шумски пожар во САД во повеќе од сто години, соопштија официјални лица.

Тимовите за пребарување со кучиња ги поминуваа урнатините на Лахаина, четири дена откако пожарот го срамни историското одморалиште, уништувајќи згради и автомобили.

Гувернерот Џош Грин на прес-конференција предупреди дека бројот на загинати ќе продолжи да расте.

Во однос на бројот на загинати, тоа е најлошата природна катастрофа на Хаваите во историјата, надминувајќи го цунамито во кое загинаа 61 лице во 1960 година, една година откако Хаваи стана американска држава.

Властите почнаа да им дозволуваат на жителите да се вратат во Западен Мауи, иако пожарната зона во Лахаина остана забарикадирана.

Официјалните лица предупредија дека отровните испарувања би можеле да доаѓаат од областите во кои тлее пожарот и истакнаа дека операциите за пребарување продолжуваат.

Стотици луѓе се уште се водат како исчезнати, а точниот број не е познат.

Трошоците за обновата на Лахаина се проценети на 5,5 милијарди долари, според Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА), при што повеќе од 2 200 објекти се оштетени или уништени и повеќе од 850 хектари изгорени.

Катастрофата започна во вторникот по полноќ, кога беше пријавен пожар во градот Кула, на околу 35 милји од Лахаина.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

22 години од Охридскиот рамковен договор

Следно

Пендаровски се огласи дури денеска: Организаторите на јавните собири во Тетово и Чаир мора да бидат законски санкционирани за кршењето на законските одредби

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот и да се договорат за минималната плата

Работниците и работодавачите треба да го водат дијалогот за минималната плата, а Владата ќе прифати се што тие ќе договорат, рече вечерва министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во гостување на емисијата „360

Ристески: Минималната плата мора да се зголемува системски, одржливо и во рамки на економските реалности

Владата не е против зголемување на минималната плата, туку напротив – нејзината стратешка цел е континуиран раст на сите плати и подобрување на животниот стандард, но исклучиво преку системски, договорени и економски

Читателите на Религија.мк го избраа митрополитот Пимен за личност на годината

Главниот и одговрен уредник на Религија.мк, му ја врачи плакетата за избор на личност на годината на митрополитот Европски Пимен. На врачувањето на плакетата, митрополитот Пимен посочи дека наградата за него е

Смирувачките пораки од Вашингтон и Техеран ги намалија цените на нафтата под 66 долари за барел

На лондонскиот пазар попладнево барелот се тргуваше по пониска цена за 3,34 долари отколку на затворањето на тргувањето на крајот од минатата недела, која изнесуваше 65,98 долари. На американскиот пазар, беше поевтин
Go toTop