Бројот на загинати во израелските напади врз Газа се искачи на 7.028

October 26, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Бројот на загинати Палестинци во тековните израелски напади врз Појасот Газа, кои интензивно продолжуваат веќе 20 дена, се искачи на 7.028, пренесува Анадолу.

Портпаролот на Министерството за здравство во Појасот Газа, Ашраф Ал-Кудра, на прес-конференцијата во Газа даде информации во врска со израелските напади во подрачјето.

Кудра нагласи дека во израелските напади во Газа, кои продолжуваат од 7 октомври, убиени се 7.028 лица, од кои 2.913 деца, 1.709 жени и 397 стари лица.

Тој информира дека како резултат на израелските напади повредени се 18.484 лица.

Според него, од вчера до денес Израел извршил 43 масакри, а во последните 24 часа се убиени 481 лице во Газа.

Кудра рече дека сѐ уште име луѓе под урнатините на зградите што се урнати во израелските напади во Газа и дека 1.650 лица, од кои 940 деца, се водат како исчезнати.

Меѓу другото, тој истакна дека израелските сили ги таргетирале и здравствените системи, при што се убиени 101 медицинско лице, а 25 амбулантни возила се неупотребливи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Џафери: Роковите за избори мора да се запазат, партиите до Нова година да се договорат и да ме информираат за датум

Следно

Во Владата утре разговори за јавнообвинителската и судската служба

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop