Бројот на загинати во израелските напади во Појасот Газа се зголеми на 1.203

October 12, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Билансот на загинати во израелските напади извршени од 7 октомври досега во Појасот Газа се зголеми на 1.203, пренесува Анадолу.

Во писменото соопштение на палестинското Министерство за здравство се споделени информации околу бројот на жртви и повредени во ова подрачје.

Според соопштението, во нападите што Израел ги врши од 7 октомври до денес во Газа загинале 1.203 лица, додека повредени се 5.763 лица.

Портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ешреф ал-Кудра, преку фејсбук-страницата на Министерството соопшти дека болниците работат со полн капацитет.

„Повредените и болните лежат на земја поради зголемените израелски напади“, истакна Ал-Кудра.

Тој рече дека продолжувањето со прекинот на електричната енергија, водата и горивото од страна на Израел, претставува закана за животот на повредените и болните, и предизвикува страшна здравствена катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Влада тврди дека штрајкот на М-НАВ е одложен: Ќе се работи на отворените прашања

Следно

ВИДЕО: Метеж во Тетово, пензионерите излегоа на протест

Latest from Blog

Проданоски и Андоновски на настан за дигитална безбедност во Прилеп

Прилеп денеска беше одбележан Меѓународниот ден на побезбеден интернет – 11 февруари, со настан што се одржа во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, во присуство на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски,

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

Ако подетално се погледнат прес-конференциите и заклучоците на СДС, ќе се дојде до сознание дека не само што нивни структури се поврзани со трговијата на марихуана туку се активни конзументи на истата,

Стратешкото партнерство со САД е двигател за енергетскиот развој, вели Божиновска

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на
Go toTop