Бројот на загинати во израелските напади во Газа се искачи на 23.357

January 10, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври се зголеми на 23.357, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.

Министерството истакна дека во нападите повредени се 59.410 лица.

„Најмалку 147 лица загинаа, а 243 се повредени во израелските напади во последните 24 часа“, додаде Министерството.

„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата, а спасувачите не можат да стигнат до нив“, се вели во соопштението.

Израел започна напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас во октомври, во кој се верува дека се загинати речиси 1.200 Израелци.

Според податоците на Обединетите нации, околу 85 отсто од жителите на Газа се раселени поради израелските напади, а владее и сериозен недостиг од храна.

Стотици илјади луѓе живеат без засолниште, а на територијата на енклавата влегуваат помалку од половина од камионите со хуманитарна помош отколку пред почетокот на конфликтот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицотакис: Грција не е „банана држава“ и не може да се толерира инфлацијата на алчноста

Следно

Ердоган: Турското разузнавање јасно им одговори на оние што ѝ се закануваат на Туркије

Latest from Blog

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и
Go toTop