Бројот на загинати во израелскиот воздушен напад врз јужен Бејрут порасна на 14

September 20, 2024
1 min read

БЕЈРУТ (АА) – Во денешниот израелски воздушен напад врз јужното предградие на Бејрут загинаа најмалку 14 лица, а 66 се повредени, соопшти либанското Министерство за здравство, јавува Анадолу.

Министерството истакна дека болниците досега примиле 66 повредени, од кои девет се во критична состојба.

Се додава дека операциите за отстранување на урнатините продолжуваат, стравувајќи дека може да се пронајдат уште тела.

Либанската национална новинска агенција соопшти дека во нападот погоден е стан во една од станбените згради во подрачјето на Џамус.

Екипи на брзата помош и цивилната одбрана пристигнаа на местото на нападот и пренесоа неколкумина од повредените во болница.

По воздушниот напад, висок израелски претставник за израелското армиско радио изјави дека целта бил Ибрахим Акил, висок воен командант на либанската група Хезболах.

Подоцна, израелската армија соопшти дека го убила Акил, заедно со високи команданти од елитните сили на Хезболах, Радван.

Либанскиот премиер Наџиб Микати изјави дека нападот „повторно докажува дека израелскиот непријател нема обѕир за никакви човечки, правни или морални аспекти, и продолжува во нешто што изгледа на геноцид“.

Според дописникот на Анадолу од теренот, израелскиот напад сериозно оштетил згради во јужен Бејрут.

Хезболах досега не се огласи за воздушниот напад, кој дојде во време на ескалација на прекуграничните судири со Израел од почетокот на смртоносната војна на Тел Авив во Појасот Газа, каде што речиси 41.300 Палестинци, главно жени и деца, се убиени од 7 октомври минатата година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УХМР со најнова прогноза- еве какво ќе биде времето до четврток

Следно

Македонските шахисти поразени од Шведска, дамите убедливи против Нов Зеланд

Latest from Blog

„Одисеја“ го надмина „Опенхајмер“- новиот филм на Нолан урива рекорди уште со трејлерот (ВИДЕО)

Оваа бројка не само што го покажува огромниот интерес на публиката, туку поставува и нови стандарди во промоцијата на филмските наслови. Успех што го засени Опенхајмер Интересно е што трејлерот за „Одисеја“

Божиќната фотографија на Меланија и Доналд Трамп предизвика дебата на мрежите: Честитката е „студена“

Претседателот на САД и првата дама стојат држејќи се за раце во Белата куќа, зад нив прекрасна елка и украси што светкаат. И двајцата се врамени со американското и претседателското знаме. Сè

Најмалку десет мртви, повеќе од 20 повредени во експлозија во џамија во Нигерија

Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни
Go toTop