Бројот на загинати расте: Најмалку 31 Палестинец се убиен во израелски напад на болница во училиште во Газа

July 27, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Убиени се најмалку 31 Палестинец, меѓу кои и деца, загинаа, а десетици се ранети денес во израелски напад врз мобилна болница во училиште во централниот дел на Појасот Газа во кое биле сместени раселените лица, соопштија палестински извори, известува Анадолу.

„Бројот на загинати во израелскиот напад на теренска болница во училиште во Деир ал Балах, во централна Газа во кое беа сместени раселените лица  се зголеми на 31“, изјави за Анадолу портпаролот на владината канцеларија за медиуми во Газа, Исмаил Ал-Тавабта.

Во меѓувреме, израелската војска соопшти дека нејзините воени авиони го нападнале училиштето Кадија во централниот дел на Појасот Газа, тврдејќи дека цел биле припадници на Хамас.

Палестинската група Хамас не ги коментираше израелските тврдења.

Претходно, канцеларијата за медиуми на владата во Газа соопшти дека „израелската окупаторска армија извршила нов масакр бомбардирајќи мобилна болница поставена во училиштето Кадија во Деир ал Балах“.

„Окупаторските сили ја бомбардира болницата со три проектили од борбени авиони“, додаваат се наведува во соопштението.

Медицински извори за Анадолу изјавија дека израелската армија го бомбардирала училиште во област класифицирана како „хуманитарна безбедна зона“ во Деир ал Балах.

Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел спроведува брутални напади со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници во Појасот Газа убивајќи повеќе од 39.170 Палестинци и ранувајќи над 90.257.

Израел е обвинет за геноцид од Меѓународниот суд на правдата, кој му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда им наложи на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да биде нападнат на 6 мај.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ЦУК: Сѐ уште гори кај Тажево и Јасен, еден пожар е под контрола, 13 се изгаснати

Следно

15 деца и 8 жени се меѓу жртвите на израелскиот напад на училиштето во Газа

Latest from Blog

Најбараниот меч на Мундијалот: Пет милиони барања за билети пристигнаа во само 24 часа

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Колумбија и Португалија ќе го играат последното коло од Групата К на Светското првенство во Мајами во недела навечер, од 1:30 часот по македонско време. Тоа ќе биде дуел за првото

Андоновски: Државата бележи историски раст во дигиталните услуги

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски соопшти дека во изминатите две години е постигнат значителен напредок во дигитализацијата на јавните услуги, при што, како што рече, државата бележи силен раст во користењето

Нова ескалација по американскиот напад: Танкер е погоден со проектил во Ормутскиот теснец

Според официјалното соопштение, нападнатиот брод претрпел штета на командниот мост. За среќа, сите членови на екипажот се неповредени и во моментов се безбедни, а UKMTO додава дека не е регистрирано загадување на

Утре во Скопје ќе се прска против комарци

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе се изврши утре во раните утрински часови на скопската територија, информираа од Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе
Go toTop