Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа порасна на 24.100

January 15, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку 24.100 Палестинци загинаа, а 60.834 се повредени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври, соопшти денес Министерството за здравство во опколената палестинска енклава, јавува Анадолу.

„Израелската окупација (окупациски сили) изврши 12 масакри врз семејства во Појасот Газа, што резултираше со 132 загинати и 252 повредени во изминатите 24 часа“, соопшти Министерството.

Според Обединетите нации, 85 отсто од населението на Газа е веќе интерно раселено поради акутниот недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.

Генералниот директор на ОН, Тедрос Габрејесус, вчера изјави дека „населението во Газа живее во пекол“ и дека „никаде не е безбедно“.

Во објавата на платформата X, тој истакна: „Сто дена и понатаму продолжува, непрекинатата несигурност и страв не можат да се изразат со зборови. Мора да се направи сè за да се стави крај на насилството за да се спречат уште непотребни жртви и повредени лица. Ослободете ги заложниците сега. Примирје СЕГА!“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Ајова републиканците избираат кандидат за претседател: Како функционира и зошто е важно?

Следно

Северна Кореја изврши тестирање на хиперсонична ракета

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop