ИСТАНБУЛ (АА) – Бројот на убиени Палестинци во нападите на израелската армија врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година достигна 61.369, од кои 39 во последните 24 часа, известува Анадолу.
Палестинското Министерство за здравство во Газа објави писмено соопштение во кое информира за убиените и повредите Палестинци во тековните напади на Израел.
Министерството за здравство објави дека 39 Палестинци се убиени, а 491 се повредени од страна на Израел во Појасот Газа во последните 24 часа.
Најмалку 9.862 Палестинци се убиени, а 40.809 цивили се повредени во нападите на израелската армија од 18 март, кога Израел го прекрши примирјето во Газа договорено на 19 јануари.
Бројот на убиени во Газа, поради систематски напади врз Палестинците на т.н. точки за дистрибуција на помош воспоставени од Фондацијата за хуманитарна помош за Газа, поддржана од Израел и САД, од 27 мај досега достигна 1.793, а бројот на повредени се зголеми на 12.590.
Се забележува дека во последните 24 часа уште 11 Палестинци ги загубија животите од глад во Појасот Газа, каде што Израел спроведува изгладнување, со што бројот на починати како последица на неисхранетост се зголеми на 212, од кои 98 се деца.
Бројот на убиени во нападите на Израел врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година досега изнесува 61.369, додека бројот на повредени достигна 152.850.
Илјадници мртви сè уште се наоѓаат затрупани под урнатините во Појасот Газа.
Извор: Anadolu Agency (AA)