Бројот на убиени Палестинци во израелските напади врз Газа се зголеми на 52.418

May 1, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Бројот на Палестинци убиени во израелските брутални нападите врз Појасот Газа се зголеми за 18 во последните 24 часа, вкупно 52.418 од 7 октомври 2023 година, известува Анадолу.

Во писмено соопштение на палестинското Министерство за здравство во Газа, се споделени најновите информации во врска со убиените и повредените Палестинци во тековните израелски напади врз Газа.

Телата на најмалку 18 убиени и 77 повредени Палестинци се пренесени во болниците во Газа во последните 24 часа.

Најмалку 2.326 Палестинци се убиени, а 6.050 се повредени во нападите извршени од израелската армија од 18 март, кога Израел го прекрши договорот за прекин на огнот и размена на заробеници договорен на 19 јануари во Газа.

Бројката на Палестинци убиени во израелските брутални напади врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година се зголеми на 52.418, а бројот на повредени достигна 118.091.

Се стравува дека сè уште има илјадници мртви под урнатините во Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВРЕДИ со канидат бизнисмен во Струга? Менди Ќира вели дека никому не кажал „да“

Следно

Навивач падна од трибини на американски стадион (ВИДЕО)

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop