Бројот на убиени Палестинци во Газа се зголеми на 50.886

April 10, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку уште 40 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа, со што бројот на убиени од октомври 2023 година досега се зголеми на 50.886, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството се вели дека уште 146 повредени лица се пренесени во болниците во последните 24 часа, со што бројот на повредени во израелските напади достигна 115.875.

„Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се вели во соопштението.

На 18 март израелската Армија започна ненадејна воздушна кампања врз Појасот Газа, при што се убиени 1.249 Палестинци, а речиси 3.022 се повредени и покрај договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што беше постигнат во јануари.

Во ноември минатата година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Му нашле 3,17 грама марихуана: Македонски државјанин мора да плати 100.000 динари за хуманитарни цели во Србија!

Следно

Историски момент за македонскиот мото спорт, Бузалковски и Кочовски на легендарната трка „24 часа Ле Ман“

Latest from Blog

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не
Go toTop