Бројот на убиени Палестинци во Газа се зголеми на 50.423

April 2, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку уште 24 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа, со што бројот на убиени од октомври 2023 година досега се зголеми на 50.423, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството се вели дека уште 55 повредени лица се пренесени во болниците во последните 24 часа, со што бројот на повредени во израелските напади достигна 114.638.

„Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се вели во соопштението.

На 18 март израелската армија започна ненадејна воздушна кампања во Појасот Газа, при што се убиени 1.066 Палестинци, а речиси 2.600 се повредени и покрај договорот за прекин на огнот и размена на затвореници што беше постигнат во јануари.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пожар во автобус во Велес

Следно

Турскиот министер за надворешни работи ќе присуствува на состанокот на НАТО во Брисел

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop