Бројот на убиени Палестинци во Газа се зголеми на 50.357

March 31, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку уште 80 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа, со што бројот на убиени од октомври 2023 година досега се искачи на 50.357, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството се вели дека 53 жртви биле донесени во болниците во Газа во неделата, на првиот ден од Бајрам.

Се додава дека уште 305 повредени лица се пренесени во болниците, со што бројот на повредени во израелските напади достигна 114.400.

„Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се вели во соопштението.

На 18 март израелската армија започна ненадејна воздушна кампања врз Појасот Газа, при што се убиени над 1.000 луѓе, а речиси 2.400 се повредени и покрај договорот за прекин на огнот и за размена на затвореници што беше постигнат во јануари.

Во ноември минатата година, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана, Јоав Галант, за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претреси во Скопје, пронајдена дрога – одреден притвор за три лица

Следно

Антонио Конте најави заминување од Наполи

Latest from Blog

Николоски: Гевгелија добива нов лик, продолжува владината поддршка за општината

Старата чаршија во Гевгелија е обновена и повторно ставена во употреба, а поддршката од Владата за реализација на инфраструктурни и други проекти во општината продолжува, истакна вицепремиерот и министер за транспорт и

Проданоски со отчет за сработеното: Во Прилеп се реализираат 18 проекти вредни околу 12 милиони евра

Општина Прилеп во партнерство со Владата и ресорните министерства реализира 18 проекти поддржани со околу 12 милиони евра, информираа од ВМРО-ДПМНЕ пренесувајќи ја изјавата од прес-конференцијата на градоначалникот Дејан Проданоски. Според изнесените

Претставниците на Трамп, Виткоф и Кушнер слетаа во Москва- имаат ли САД нов план за Украина?

„Авионот слета на аеродромот Внуково“, изјави изворот на агенцијата, пренесе Анадолија. Порано во петокот, Аксиос, повикувајќи се на свои извори, објави дека Виткоф и Кушнер треба да патуваат во Москва и Киев
Go toTop