Бројот на убиени Палестинци во Газа се зголеми на 50.144

March 25, 2025
1 min read

Најмалку уште 62 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа, со што бројот на убиени од октомври 2023 година досега се искачи на 50.144, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството се вели дека уште 296 повредени лица се пренесени во болниците, со што бројот на повредени во израелските напади достигна 113.704.

„Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се вели во соопштението.

На 18 март израелската армија започна ненадејна воздушна кампања врз Појасот Газа, при што се убиени речиси 800 луѓе, а повеќе од 1.600 се повредени и покрај договорот за прекин на огнот и за размена на затвореници што беше постигнат во јануари.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Обвинение за разбојништво во продавница за бела техника кај Градски парк во Скопје

Следно

Експерт предупредува на негативното влијание на консумирањето благо врз оралното здравје за време на Рамазан бајрам

Latest from Blog

Комерцијална банка доминираше со промет – неделата 23–27.03 со 73,54 милиони денари вкупен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот 23.03.2026 – 27.03.2026, на Македонска берза беа реализирани 351 трансакција со вкупен промет од 73.536.409 денари
Go toTop