Бројот на убиени Палестинци во Газа изнесува речиси 55.000

June 9, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Најмалку 54.927 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел од октомври 2023 година, соопшти Министерството за здравство денес, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството на палестинската енклава се вели дека 47 тела биле донесени во болниците во последните 24 часа, а 388 лица се повредени, со што вкупниот број повредени во израелските напади достигна 126.615.

„Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се вели во соопштението.

Израелската армија ненадејно ја продолжи воздушната кампања врз Појасот Газа на 18 март, при што се убиени речиси 4.649 луѓе, а повредени се над 14.574 и покрај договорот за прекин на огнот и размена на затвореници од јануари.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повредено лице спасено од падините на врвот Љуботен – транспортирано на Клиника во Скопје

Следно

Алкалоид ангажира седум нови ракометари

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната

Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија – МБИ10 со благ пад од 0,07%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 23 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,07% и заврши на 9.949,44

Намален ДДВ, стабилни цени – Владата го ублажи ударот врз граѓаните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop