Бројот на убиени палестински новинари се искачи на 238, уште еден новинар почина од повредите од израелски напад во Газа

August 11, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Уште еден палестински новинар им подлегна на повредите здобиени во израелскиот напад во кој загинаа двајца дописници и тројца фоторепортери на Ал Џезира во Газа, со што бројот на убиени новинари се искачи на 238, соопштија локалните власти, пренесува Анадолу.

Според Канцеларијата за медиуми на Владата на Газа, Мохамед Ал-Халиди, палестински новинар што работеше за новинската агенција „Сахат“, им подлегна на повредите здобиени во синоќешниот израелски напад.

Смртта на Халиди го зголеми бројот на новинари убиени во Газа во неделата на шест, а вкупниот број палестински новинари убиени од израелската армија во Појасот Газа се искачи на 238, се вели во соопштението на Канцеларијата за медиуми.

Израелската армија доцна синоќа нападна шатор во кој престојувале новинари во близина на болницата „Ал-Шифа“ во западниот дел на Газа, при што се убиени петмина новинари, меѓу кои и дописниците на Ал Џезира, Анас ал-Шариф и Мухамед Краикеа, соопшти Канцеларијата за медиуми.

Владата во Газа го осуди „систематскиот атентат врз палестинските новинари од страна на Израел во Газа“ и ги повика институциите за човекови права и медиумите да ги „осудат овие систематски злосторства против новинарите во Газа“.

Израел се соочува со зголемена осуда за својата геноцидна војна во Газа, каде што од октомври 2023 година се убиени повеќе од 61.400 Палестинци.

Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради војната во енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Мицкоски: На овие избори да зборуваме за проекти, а не за теми пред 20 години

Следно

Јанев во Тетово по вчерашното убиство: Полицијата е целосно мобилизирана на терен, ќе испорачаме безбедност за сите граѓани

Latest from Blog

Проданоски: Граѓаните на Прилеп активно учествуваат во креирањето на буџетот за 2026 година

Вечерва во Прилеп беше одржана првата средба од циклусот консултации во рамките на процесот за креирање на Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година. На средбата активно учествуваа голем број сограѓани и

Independent пишува за успесите на македонската Влада во отворањето на нови авиолинии

Еден од најголемите весници во Велика Британија, Independent пишува за успесите на македонската Влада во отворањето на нови авиолинии. Во анализа насловена како „Традицијата се среќава со иновацијата во Охрид, срцето на

Коњановски: Екипите продолжуваат со работа, состојбата во Битола е под целосна контрола

Екипите на јавните претпријатија и Водостопанство Битола и вечерва се на терен на сите критични локации. Според информации од градските служби, состојбата е стабилна и под целосна контрола, без никаква опасност за
Go toTop