Бројот на Палестинците загинати во израелските напади во Газа од 7 октомври се зголеми на 36.550

June 4, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Бројот на загинати Палестинци во немилосрдните израелски напади врз Газа од октомври минатата година се зголеми на 36.550, објави денес Министерството за здравство во опколената енклава, јавува Анадолу.

Министерството додаде дека во нападите се повредени најмалку 82.959 лица.

„Во последните 24 часа израелските сили убија 71 и ранија 182 лица во седум масакри на семејства“, соопшти Министерството.

Многу луѓе сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив.

Израел ја продолжува својата брутална офанзива врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, каде што засолниште од војната побараа повеќе од еден милион Палестинци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОСТАВЕТЕ СИ ГО НАКИТОТ ДОМА: Жена ограбена на плажа во Грција, кражбата заврши „во живо“ на телевизија (ВИДЕО)

Следно

Мај годинава просечно топол и нормално врнежлив

Latest from Blog

Проданоски: Индустриската зона „Металец“ добива нова инфраструктура и модерно осветлување

Прилеп – Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави почеток на градежните активности за целосно инфраструктурно уредување на Индустриската зона „Металец“, што претставува значаен чекор кон развојот на локалната економија и привлекување

Битола: Усвоен Деловникот и програмата за превенција на детско престапништво

ОНа денешната седница на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво (ОСПДП) на Општина Битола, беше конституиран новиот состав на Советот, со обновен мандат и јасна определба за унапредување на системскиот пристап

Тоневски: Поддршката за спортот останува приоритет во Пробиштип

Пробиштип беше домаќин на традиционалната средба на борачите, на која се собраа ветерани, спортски работници и претставници од боречките клубови од целата држава. Средбата беше организирана од Здружението на борачи ветерани на
Go toTop