Британскиот премиер: Над 24.000 мигранти се депортирани откако лабуристите се на власт

March 31, 2025
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Британскиот премиер Кир Стармер денес објави дека повеќе од 24.000 луѓе без право на престој во Велика Британија биле депортирани откако Лабуристичката партија е на власт, јавува Анадолу.

Во говорот на отворањето на Самитот за организиран криминал поврзан со имиграцијата (ОIC) во Лондон, Стармер истакна дека тоа претставува највисоката стапка на депортации во последните осум години, што вклучува четири од најголемите повратни летови досега.

Тој се осврна и на укинувањето на контроверзниот план за депортирање мигранти во Руанда, кој беше силно промовиран од претходната влада.

Стармер нагласи дека претходната влада потрошила 700 милиони фунти за ова, но само четворица доброволци биле преселени во Руанда.

„Дури и ако шемата функционираше како што беше предвидено, само околу 300 луѓе годишно ќе беа испраќани во Руанда“, рече тој, додавајќи дека ќе ѝ беа потребни 80 години за да ја достигне бројката од 24.000 депортирани лица.

Британскиот премиер откри дека бил шокиран од недостатокот на координација меѓу полицијата, Граничната служба и разузнавачките агенции кога ја презел функцијата.

„Ја наследивме оваа целосна фрагментација меѓу нашата полиција, Граничната служба и разузнавачките агенции“, рече Стармер.

Тој додаде дека овој недостаток создавал пропусти во безбедносниот систем и ги охрабрувал криумчарите на луѓе.

Стармер на својата прва прес-конференција по преземањето на функцијата објави дека неговата влада ја укинува контроверзната политика за депортација во Руанда, воведена од поранешната конзервативна влада.

Претходната влада го предложи Законот за безбедност на Руанда (Азил и имиграција) во декември 2023 година, со цел да ја прогласи Руанда за безбедна земја за депортација на барателите на азил.

Законската регулатива, која следуваше по одлуката на Врховниот суд кој ја прогласи практиката за незаконска, им наложува на судовите да ги игнорираат клучните делови од Законот за човекови права и другите релевантни британски и меѓународни закони, вклучително и Конвенцијата за бегалци, кои би можеле да го попречат депортирањето во Руанда.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шест пациенти се враќаат од странство – пет од Србија и еден од Италија

Следно

Хамилтон именуваше двајца спортисти кои го мотивираат

Latest from Blog

Повреденото дете во училиште во Ченто е во стабилна, но се уште критична здравствена состојба

Деветтооддленецот кој вчера беше прободен со нож во основното училиште „22 ноември“ во Скопје од поранешен ученик е стабилизиран, но и натаму е под постојан лекарски надзор. Од Ургетниот центар велат дека

Сепак нема да има „последен танц“ за водечкиот стрелец на уругвајската репрезентација!

Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез (39), нема да биде вклучен во уругвајската репрезентација за Светското првенство во САД, Канада и Мексико ова лето. Ова го објави познатиот уругвајски новинар Родри Васкез

Николоски: Заврши големиот проект за модернизација на болницата „8-ми Септември“

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшти дека е завршена целосната реконструкција и надградба на болницата „8-ми Септември“, проект вреден 12 милиони евра реализиран во соработка меѓу Владата и
Go toTop