Британскиот премиер го назначи Грант Шапс за нов секретар за одбрана по оставката на Бен Валас

August 31, 2023
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Британскиот премиер Риши Сунак денес го назначи Грант Шапс за нов британски секретар за одбрана по оставката на Бен Валас, јавува Анадолу.

Шапс, претходно секретар за енергетска безбедност, кратко ги извршуваше функциите министер за внатрешни работи во Владата на Лиз Трас, секретар за транспорт во Владата на Борис Џонсон и претходно како претседател на Конзервативната партија.

Шапс изјави дека му претставува чест да ја преземе новата улога. „Би сакал да му оддадам почит на огромниот придонес што Бен Валас го даде за одбраната и глобалната безбедност на Велика Британија во последните 4 години.“

„Со нетрпение очекувам да работам со храбрите мажи и жени од нашите вооружени сили кои ја чуваат безбедноста на нашата нација, и во продолжувањето на поддршката на Велика Британија за Украина во нејзината борба против варварската инвазија на Путин“, истакна тој.

Валас утринава официјално поднесе оставка од функцијата британски секретар за одбрана.

Во својата оставка, по најавата во јули дека има намера да ја напушти функцијата, Валас говори за „честа да служи заедно со мажите и жените од вооружените сили и разузнавачките служби кои жртвуваат толку многу за нашата безбедност“.

Тој во писмото додава: „По внимателно размислување, донесов одлука да побарам дозвола да се повлечам. Првпат стапив на функција во 2005 година и по долги години служба верувам дека е време да посветам внимание на аспектите од животот што ги занемарив, и да истражувам нови можности.“

Тој изрази благодарност за поддршката и пријателството што ги добил, нагласувајќи ја неговата постојана поддршка на премиерот Сунак и Владата. Се очекува Валас да го задржи местото пратеник.

Валас се сметаше за потенцијален наследник на Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, чиј мандат во јули беше продолжен за уште една година.

Пред најавата за повлекување во јули, Валас предизвика контроверзии велејќи дека Велика Британија не функционира како компанијата „Амазон“ за испораката на оружје за Украина и предложи Киев да размисли за изразување благодарност до своите поддржувачи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нов бран на коронавирус во Србија

Следно

Учебната година почнува утре со низа новини, но и без дел од учебниците

Latest from Blog

Се подготвува голема промена во Премиер лигата?

Менаџерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, по сè изгледа ќе го напушти лондонскиот клуб на крајот од сезоната, пренесува Фабрицио Романо, како и неколку англиски медиуми. Договорот на австрискиот стратег истекува на

Што разговараа Вучиќ и Орбан во сабота наутро?

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, разговараше по телефон со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. – Со Виктор Орбан разговарав за моменталната состојба во однос на енергетската безбедност, како и за следните

Земјотрес ноќеска ја стресе Македонија, еве каде бил епицентарот

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќва во 03 часот и 18 минути регистрира земјотрес чии
Go toTop