Британскиот министер Ахмед со реакција до Израел: „Насилството само поттикнува повеќе насилство“

April 5, 2023
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Британскиот државен министер за Блиски Исток, Северна Африка и Јужна Азија, Тарик Ахмед, реагираше на нападот на израелските сили во џамијата „Ал Акса“, известува Анадолу.

Министерот Ахмед, во објавата на својот профил на социјалната мрежа Твитер, истакна дека кога се разбудил, бил шокиран од вознемирувачките слики од рацијата на израелските безбедносни сили во џамијата „Ал Акса“, во која се ранети голем број верници што се молеле во време на месецот Рамазан.

Британскиот министер Ахмед во врска со настанот на својот профил објави: „Насилството само поттикнува повеќе насилство. Светоста и статусот на светите места мора да се почитуваат и штитат.“

Укажувајќи дека рацијата во „Ал Акса“, како што се страхувало, поттикнала спирала на насилство, Ахмед повика на итна деескалација на тензиите.

– Што се случи?

Откако фанатичните еврејски доселеници по повод денот на Пасха повикале да се влезе во „Ал Акса“ и да се сече курбан, по молитвата терави, група Палестинци се засолниле во џамијата „Ал Акса.“

За време на сахурот, израелските сили спровеле рацијата во џамијата „Ал Акса“, спроведувајќи насилство врз Палестинците кои се засолниле во џамијата и го претвориле светиот храм во бојно поле. Упадот на израелските сили продолжил и по утринската молитва.

За време на рациите се приведени повеќе од 200 луѓе што се засолниле во џамијата.

По упадот на израелската полиција во „Ал Акса“, од Појасот Газа, кој е под опсада, истрелани се ракети во правец на Израел.

Портпаролот на израелската армија изјави дека во правец на градот Сдерот биле истрелани пет ракети, од кои четири биле уништени од системите за противвоздушна одбрана, а една ракета паднала на празно земјиште.

Како одоговор на ракетниот напад, израелски авиони извршија воздушни напади на две точки во западниот дел на Појасот Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Активности за откривање и спасување на лицата од трговскиот брод што потона во близина на брегот на Анталија

Следно

Уставниот суд ја укина одлуката за ДУП-от во Карпош со кој се предвидува изградба на бензинска пумпа

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop