Британски хирург си ги замрзнувал нозете, за да си ги ампутира- причината за осакатувањето е ужасна

September 6, 2025
1 min read

Хопер во бројни интервјуа тврдеше дека морало да му бидат ампутирани двете нозе во 2019 година поради сепса и мистериозна болест. Неговата приказна привлече големо медиумско внимание, па дури и се обидел да стане астронаут со помош на протези.

Сепак, се покажало дека Хопер погрешно ги претставувал причините за ампутациите за да обезбеди повеќе од 600.000 долари од осигурителните компании. Всушност, тој самиот си ги замрзнувал нозете со сув мраз, поради што морале да бидат ампутирани.

Хопер се изјасни за виновен по две точки за измама со лажно претставување, како и по три точки за поседување екстремен порнографски материјал, во врска со веб-страницата „Eunuch Maker“. Страницата ја водел Мариус Теодор Густавсон, познат по рекламирање екстремни модификации на телото, вклучувајќи кастрација и отстранување на гениталии. Густавсон е осуден на доживотен затвор во 2024 година.

За време на судењето, Хопер е обвинет за сексуална фиксација на ампутациите, а судијата изјави дека „нивоата на штета прикажани во материјалот се екстремно високи“. Хопер, исто така, разменувал пораки со Густавсон, вклучувајќи детали за употребата на сув мраз, објавува The Independent.

Обвинителите тврдеа дека мотивите на Хопер биле комбинација од опсесија со отстранување на делови од телото и сексуален интерес за тоа. Неговиот адвокат рече дека Хопер се каел што лажел за причините за ампутациите, но не и за самите операции, велејќи дека чувствувал дека неговите стапала се „несакан додаток“ и постојан извор на непријатност поради телесната дисморфија.

Кој е „Создавачот на евнуси“?

Мариус Теодор Густавсон е осуден во 2024 година за водење криминална мрежа која се занимавала со екстремна модификација на телото и нелегални операции. Неговата веб-страница, EunuchMaker.com, имала речиси 23.000 корисници и помеѓу 2017 и 2021 година донела повеќе од 300.000 долари.

За време на истрагата, било откриено дека некои учесници, вклучувајќи малолетници на возраст од само 16 години, биле подложени на сериозни физички повреди, вклучувајќи електрични шокови и жигосување со пегли. Густавсон, исто така, наводно готвел човечки тестиси и чувал делови од телото како „трофеи“, а некои продавал.

Обвинителите нагласија дека иако жртвите наводно дале согласност, процедурите биле нелегални и сериозно штетни за нив.

Густавсон тврдеше дека самиот тој претрпел модификации на телото поради дисфорија, но обвинителите нагласија дека тоа не го оправдува повредувањето на други луѓе за сексуално задоволство и финансиска добивка.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Екс – стоперот на Сити „удри“ по Гвардиола!

Следно

Здравствената состојба на Брус Вилис се влошува- актерот веќе не ги препознава членовите на семејството

Latest from Blog

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

СДС е „кукла на конци“ под диктат на Заев, со пропадната ПР стратегија од Башановиќ и Шчекиќ, Филипче е без кредибилитет и ја води партијата кон исчезнување

СДС како партија е „кукла на конци“, која се движи според агенда поставена од други, наместо од сопственото членство или јавностa, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Сали во посета на студентскиот дом „Пелагонија“: разговарано за итната потреба од подобрување на стандардот и условите за сместување

Денес, Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија, заедно со заменик-министерот за образование, Дритон Сулејмани, реализираа посета на студентскиот дом „Пелагонија“. За време на посетата, тие одблиску се запознаа со условите

Потврдено: Сенегал поднесе жалба до ЦАС во Лозана!

ФОТО:facebook.com/fsfOfficielle Како што се очекуваше, Фудбалската асоцијација на Сенегал поднесе жалба против одлуката на Конфедерацијата на африкански фудбал (CAF), со која на овој тим му беше одземена титулата освоена на теренот во
Go toTop