Бразилецот треба да сфати дека не е на Копакабана, туку го носи дресот на најголемиот клуб во светот (ВИДЕО)

April 24, 2025
1 min read

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти упати критики до младиот Ендрик, го советува да игра едноставно и ефективно наместо да прави шоу за публиката откако младиот Бразилец проба да го лобува голманот.

Реал Мадрид синоќа со 0-1 славеше на гостувањето кај Хетафе и го задржа чекорот со водечката Барселона.

Победата можеше да биде и поубедлива, младиот Ендрик имаше две добри шанси, но не реализираше.

Второто промашување на Бразилецот особено го налути и фрустрираше Карло Анчелоти, кој кратко потоа го повлече напаѓачот од игра и на негово место го стави Џуд Белингем.

„Ендрик имаше две шанси, при првата направи се како што требеше, но немаше среќа да погоди. Што се однесува до втората, можеби беше во офсајд, но можеби и не беше“ – вели тренерот на Реал Мадрид.

„Сепак, не може да прави такви работи. Млад е и ќе научи. Но, не може да прави вакви трикови, треба да ја шутне топката силно, а не да мисли на тоа како да направи шоу за публиката“.

Критиките на Карло Анчелоти се за потегот на младиот Ендрик по десетина минути игра во второто полувреме, напаѓачот се најде во ситуација еден на еден со голманот на Хетафе и реши да го лобува од 16 метри, но тоа го стори многу лошо и само му ја додаде топката на Давид Сорија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украина: Најмалку деветмина загинати и над 70 повредени во руски напад врз Киев

Следно

Жителите на Истанбул ја поминаа ноќта на отворено поради земјотресот

Latest from Blog

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од

Доцнат хонорари, се кратат часови за лична асистенција, а лицата со попреченост остануваат без соодветна поддршка

Доцнење на исплатата на хонорари, намалување на часовите за лична асистенција, недостиг од услуги за бездомните лица, како и примена на двојни стандарди – се дел од проблемите со кои се соочуваат

Хаверц и Ундав ја “скршија“ Гана!

ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/ Германија во пријателски меч вечерва во Штутгарт, успеа да ја победи Гана со 2:1. Стрелци на головите беа Хаверц од пенал и Ундав, додека за гостите стрелаше Фатаву. Натпреварот на „MHPArena“
Go toTop