БРАВО ЈУЛЕ, КАТЕ, СТЕФАН И МАРИО: Атлетичарите на Специјалната Олимпијада освоија 3 медали за Македонија

October 31, 2024
1 min read

Во период од 25-ти до 28-ми октомври 2024 година, тим од 4 атлети од Специјална Олимпијада Македонија учествуваше на Европската пливачка средба на Специјална Олимпијада во Монако, под покровителство на принцезата Шарлин.

Во конкуренција од 180 натпреварувачи, атлетите – пливачи од нашата држава освоија вкупно 3 медали.

• Јулијана Петровска се натпреваруваше на 50 метри пливање во слободен стил, пласирајќи се на четвртото место, а ја освои бронзата во категоријата 25 метри грбно пливање.
• Катерина Петковска имаше силен настап, освојувајќи го четвртото место и на 25 метри слободен стил и на 25 метри грбно пливање.
• Стефан Трпковски се истакна со два бронзени медали, пласирајќи се на третото место во категоријата 25 метри грбно и во 25 метри пливање во слободен стил.
• Марио Мицковски покажа извонредна издржливост, натпреварувајќи се на 50 метри и на 100 метри пливање во слободен стил каде постигна најдобри времиња, но од здравствени причини не настапи на финалните трки.

Претседателката на Специјална Олимпијада Македонија, Моника Бошкоска, ја изрази својата воодушевеност од напорите на тимот и покрај огромната конкуренција.

-Нашите атлети демонстрираа дека со решителност, редовни тренинзи и посветеност, може да се постигне извонреден успех на меѓународна сцена. Ова е еден од бројните успеси на атлетите на Специјална ОлимпијадаМакедонија, кои продолжуваат да нѐ претставуваат во најдобро светло и да ја прават Македонија горда. Докажавме дека можеме да се носиме и со најголемите светски сили, да победуваме и да освојуваме медали. Ја користам оваа прилика да му честитам на тренерот и селектор Игор Димоски кој со своето искуство и посветеност е заслужен за успесите на нашата пливачка делегација. Огромна благодарност до организаторите и принцезата Шарлин што беа домаќини на ваков инспиративен настан кој во пракса ја покажува моќта на спортот и улогата која ја има во инклузијата на лицата со интелектуална попреченост“, рече таа.

Под покровителство на принцезата Шарлин, Европската пливачка средба на Специјалната Олимпијада обедини на едно место голем број атлети – пливачи од 27 европски земји на култниот стадион “Луј II“ во Монако. Учесниците се натпреваруваа во пливање во неколку категории: 25, 50 и 100 метри слободен стил на пливање, грбен и граден стил на пливање.

Специјална Олимпијада Македонија останува посветена на зајакнување на атлетите со интелектуална попреченост, обезбедувајќи им можности да го постигнат својот целосен потенцијал преку употреба на трансформативната моќ на спортот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската Армија ја уништи зградата на УНРВА во кампот Нур Шамс на Западниот Брег

Следно

Туркије спаси нерегуларни мигранти на брод оставен од грчките сили

Latest from Blog

МАКРОН СО ЖЕСТОКИ ОБВИНУВАЊА ПО ХАОСОТ ВО ФРАНЦИЈА: Крајната левица сака да ја урне републиката

Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди „бунтовничките активности“ на крајнолевичарските групи, обвинувајќи ги дека се исклучително опасни и дека сакаат „да ја урнат републиката“, по немирите и грабежите што избувнаа минатата сабота

12,7 милиони денари промет на Македонската берза, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.836,60 поени. Во однос

Алфа го засилува тимот: Пристигнува Стојановска, Илковски се приклучува на „Колегиум“

Татјана Стојановска по 15 години во Канал 5 ја продолжува телевизиската кариера во ТВ Алфа. Речиси истовремено, нов ангажман во телевизијата објави и Јанко Илковски. Стојановска го потврди преминувањето за „Женски магазин“,

НОВИОТ НАЈОПАСЕН ЧОВЕК ВО ЕВРОПСКАТА ПОЛИТИКА? Најупатените тврдат: „Вакво нешто не е видено уште од Берлускони“

Поранешниот генерал на падобранците Роберто Ваначи се прикажува на социјалните мрежи како римски легионер и возач на кочија. Тој изјави дека претпочита жени „без здолништа“, а објави и фотографија од државна секретарка

Николоски: Коридорите 8 и 10 се клучни за економскиот напредок и политичката стабилност

Двата паневропски коридори 8 и 10 мора да ги развиваме за да обезбедиме економски напредок на Македонија, но исто така да обезбедиме и политичка стабилност за државата во овие времиња на комплицирани
Go toTop