Screenshot

Божиновска за Newsmax Балканс: Македонија започнува историски инвестициски циклус во енергетиката

February 15, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави дека Македонија влегува во најголемиот инвестициски циклус во енергетиката во својата историја, со вредност од 5,7 до речиси шест милијарди евра.

Во емисијата „Ставот на регионот“ на Newsmax Balkans, Божиновска истакна дека инвестициите веќе започнуваат да се реализираат и имаат јасна цел – создавање стабилен, одржлив и предвидлив енергетски систем.

„Ова се најголемите вложувања во енергетиката досега и тие започнуваат да се реализираат уште во текот на оваа фискална година“, нагласи министерката.

 

Таа потенцираше дека клучен чекор за привлекување инвестиции е донесувањето на новиот Закон за енергетика, кој е целосно усогласен со европското законодавство.

„За првпат имаме модерен, европски закон за енергетика кој е поздравен од сите меѓународни партнери. Инвеститорите конечно имаат јасна институционална рамка и предвидливи процедури“, рече Божиновска.

Според неа, новиот закон воведува системско планирање со јасно дефинирани рокови за реализација на проектите, што претставува значителен напредок во однос на претходниот период.

Интересот на инвеститорите, како што посочи, е исклучително висок. Поднесени се 284 иницијативи, од кои 67 проекти ја поминале селекцијата.

„Планот за 2026 година веќе е целосно пополнет, а пријавите за 2027 година се отворени до 1 јуни. За првпат имаме јасен увид што, каде и како ќе се гради“, изјави министерката.

Најголемиот интерес е насочен кон соларните електрани, но за првпат се воведуваат и батериски системи за складирање електрична енергија.

„Годинава ќе имаме и батериски системи, што е клучно за стабилноста на преносната мрежа“, истакна Божиновска.

Таа додаде дека сите инвестиции се насочени кон зелена енергија, со цел намалување на увозот на електрична енергија и потенцијално позиционирање на државата како извозник.

„Во 2024 година увозот на електрична енергија изнесуваше 11 проценти. Очекуваме овој процент дополнително да се намалува, па дури и да се приближи до нула во наредните три до пет години“, рече министерката.

Божиновска најави и изработка на нова национална стратегија за развој на енергетиката за наредните 20 години, која ќе ги опфати и новите технологии како водородот и малите нуклеарни реактори.

Во однос на гасната инфраструктура, таа потврди дека се активирани проектите за поврзување со Србија и Грција.

„Со поврзувањето со Грција и Србија, Северна Македонија ќе стане енергетски јазол во регионот, што ќе донесе и дополнителни приходи од транзит на гас“, нагласи таа.

Министерката порача дека Владата останува посветена на заштита на стандардот на граѓаните, потенцирајќи дека цената на електричната енергија се одржува стабилна.

„Свесно продаваме електрична енергија по цена пониска од производната за да спречиме ценовни шокови. Не очекуваме драстични поскапувања, туку евентуално минимални корекции од еден до два проценти“, изјави Божиновска.

На крајот, таа оцени дека реформите во енергетиката се клучен дел од европскиот пат на земјата.

„Имаме закон, подзаконските акти се во подготовка и верувам дека сме на добар пат. Предизвици има, но имаме јасна визија и силен интерес од инвеститорите“, заклучи министерката.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Хилари Клинтон: Трамп или не разбира или не се грижи (ВИДЕО)

Следно

Ски центарот Копанки на Пелистер продолжува со работа

Latest from Blog

Николоски: Продолжуваат инвестициите во Неготино, во тек се проекти вредни над четири милиони евра

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката на Неготино, Марија Нацева, изврши увид во реализацијата на неколку значајни инфраструктурни проекти во општината.

Речиси 47,5 милиони денари промет на Берзата, најтргувани акциите на Универзална Инвестициона Банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 02.07.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.461,62 поени. Во однос

Општина Битола: Во тек реконструкција на улици, спортски игралишта и изградба на нов паркинг

Во Битола продолжуваат градежните активности на повеќе локации, со фокус на реконструкција на улици, унапредување на спортската инфраструктура и изградба на нови паркинг-простори. Од Општина Битола информираат дека во тек е комплетна

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп: По повеќе од 10 години исчистен просторот кај поранешната Зоолошка градина

Екипите на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп спроведоа темелна акција за расчистување на просторот во населбата Вишне 2, на локацијата каде што некогаш се наоѓала Зоолошката градина. Во рамки на акцијата беа отстранети
Go toTop