Божиновска: Три децении партнерство со УНДП – двигател на клучните реформи во Македонија

November 28, 2025
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска присуствуваше на одбележувањето на 30-годишнината од присуството на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Македонија, оценувајќи дека ова партнерство е едно од најзначајните за државата.

Таа истакна дека УНДП во изминатите три децении останува „силен, стабилен и исклучително важен сојузник“ во развојните процеси, со посебен придонес и во енергетскиот сектор.

Божиновска потсети дека УНДП беше клучен партнер и во организацијата на Меѓународниот форум за енергија и одржлив развој, нагласувајќи дека со овој настан Македонија покажа дека може да биде домаќин на глобални собири и да испрати јасна порака за својата амбиција и подготвеност да игра поважна улога во светските енергетски процеси.

„Во децениите што следат, ќе продолжиме да ја засилуваме соработката и темпото на реформите што ја движат државата напред“, порача министерката.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Комуналец“ почна голема акција за разубавување на центарот на Прилеп

Следно

Бојковска: Платите на наставниот кадар ќе растат, а науката ќе биде главен приоритет во 2026 година

Latest from Blog

Арагчи: Хамнеи е сè уште жив „колку што јас знам“

Арагчи даде интервју за Ен-Би-Си Њуз, откако израелскиот Канал 12 објави дека Израел проценува дека Хамнеи е „веројатно убиен“ во денешните израелски воздушни напади. Зборувајќи во живо, Арагчи исто така рече дека

Колумна на Менкиноски: Брзиот воз за Брисел и македонскиот перон

Колумна на Тони Менкиноски за Нова Македонија   Според францускиот правник, универзитетски професор и политичар Бадинтер, во деведесеттите години на минатиот век Македонија беше најподготвена да патува за Европа. Но возот тргна

Македонски државјанин ги шокираше швајцарските судии: Свесно крадел за да заврши во затвор

Окружниот суд во швајцарскиот град Бремгартен изрече пресуда во необичен случај во кој млад македонски државјанин бил осуден на пет години затвор за серија грабежи и други дела, јавија тамошните медиуми. Нашинецот

Проданоски: Меморијалниот турнир „Илија Карески – Каре“ ја зацврстува спортската традиција на Прилеп

Во Прилеп се одржа петтиот меморијален меѓународен турнир во пинг-понг „Илија Карески – Каре“, настан кој веќе прераснува во значајна спортска традиција и симбол на заедништво и спортски дух. Турнирот, во организација
Go toTop