Божиновска: Со паметни системи до заштеда на енергија во училиштата

September 26, 2025
1 min read

Во основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Аеродром денеска беше претставен еден од првите паметни системи за следење и управување со потрошувачката на електрична енергија во образовните установи.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, нагласи дека проектот претставува значаен чекор во воведувањето на енергетската ефикасност во јавните институции.

„Со вакви проекти ја потврдуваме определбата дека енергетската ефикасност мора да почне од темелите – од училиштата. Она што денес го видовме во ‘Лазо Ангеловски’ е доказ дека партнерствата со приватниот сектор носат мерливи резултати за јавните институции,“ изјави Божиновска.

Проектот е реализиран во соработка меѓу Министерството за енергетика и Македонски Телеком, а овозможува во реално време да се мери потрошувачката, да се откриваат загубите и да се постигнуваат конкретни заштеди.

На настанот присуствуваа и директорот на Македонски Телеком, Горан Марковиќ, градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, и директорката на училиштето, Магдалена Петревска. Тие потенцираа дека ваквите паметни решенија ќе најдат поширока примена и во другите јавни институции.

„Со одговорност даваме пример и за идните генерации. Нашите деца учат дека рационалното користење на енергијата е секојдневна обврска и клуч за одржлива иднина,“ додаде министерката Божиновска.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мета воведува тинејџерски профили на Фејсбук и Месинџер низ целиот свет

Следно

Џовани Леони ги скина лигаментите

Latest from Blog

„Онкологија“: Одбраната посочува дека во лекувањето на 31 пациент учествувале 28 лекари

Во лекувањето на дел од пациентите во случајот „Онкологија“ учествувале повеќе медицински лица, поради што не може да се бара индивидуална одговорност за целиот процес на лекување, истакна техничкиот советник на првообвинетиот
Go toTop