Божиновска: „Со ОН поставуваме високи стандарди за енергетиката во Македонија“

August 20, 2025
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари средба со Рита Колумбија, постојана координаторка на Обединетите нации во Македонија. Разговорите беа посветени на заедничките визии во областа на чистата енергија, енергетската ефикасност и поддршката за најранливите категории граѓани.

ОН ја потврдија својата поддршка за претстојниот форум што ќе се одржи во октомври во Скопје – 14-ИФЕСД, на кој ќе учествуваат врвни експерти и говорници на високо ниво. Божиновска истакна дека ова претставува гаранција дека настанот ќе има значајно регионално, но и пошироко влијание.

Во фокусот на средбата беа и теми за зелени финансиски инструменти, одржливи обврзници и развој на енергетски заедници – области кои, според министерката, се клучни за создавање поинклузивна и правична енергетска иднина.

„Македонија знае да постави високи стандарди. Со силни партнери како ОН – сигурна сум дека ќе го направиме тоа,“ изјави Божиновска.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Маж дивеел на аеродром во Милано – запалил шалтер, канти за ѓубре и напаѓал персонал

Следно

Коњановски: „Две нови градинки ќе обезбедат подобри услови за децата во Битола“

Latest from Blog

Потврдено: Португалија има нов селектор!(ФОТО)

ФОТО:.facebook.com/PORTUGAL Португалија официјално го објави назначувањето на искусниот Жорге Жесус за нов селектор на репрезентацијата. 71-годишникот го наследува Роберто Мартинез откако „морнарите“ стигнаа само до 1/8 финалето на Светското првенство во 2026

Крај на примирјето: Ескалира војната меѓу САД и Иран со жестоки напади и жртви

Неколку часа откако шефот на Белата куќа, Доналд Трамп, објави дека, според него, примирјето со Техеран е „завршено“, американските сили започнаа нови напади врз Иран. Како одговор, Техеран соопшти дека нападнал американски

Николоски: Ќе се гради автопатот Требениште–Струга–Ќафасан

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека по завршувањето на посетата на мисијата на УНЕСКО е многу поголем оптимист за изградбата на автопатската делница Требениште–Струга–Ќафасан и посочува дека сега останува
Go toTop