Божиновска: Рубинот како симбол за поврзување на науката и креативноста

April 16, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, заедно со амбасадорот на Република Словенија, Н.Е. Грегор Прескер, ја посетија работилницата за мозаик и рубин која се реализира во ДСУЛД „Лазар Личеноски“.

Станува збор за иновативен пристап кој ги поврзува геологијата, уметноста и едукацијата, преку практична работа со минерали – со посебен фокус на рубинот како симбол и материјал. Работилницата веќе е во тек и претставува редок пример каде природните ресурси се претвораат во креативен и едукативен процес со пошироко општествено значење.

Посетата е дел од пошироките активности на Министерството насочени кон поврзување на енергетиката и рударството со образованието, иновациите и креативните индустрии – како клучен сегмент од современите политики за одржлив развој.

„ Ваквите проекти се конкретен пример како се гради нов наратив за енергетиката и рударството – не само како сектор, туку како простор за знаење, иновации и поврзување со културата. Нашата цел е природните ресурси да станат дел од образованието, креативноста и економијата. Токму таму се создава вистинската додадена вредност за државата. Ваквите иницијативи се важен чекор кон градење нов пристап во секторот – каде младите се директно вклучени, а ресурсите се користат како алатка за учење, иновации и развој на нови вештини. “, истакна министерката Божиновска.

Амбасадорот Прескер ја поздрави соработката и поддршката на вакви проекти, нагласувајќи дека тие создаваат конкретни резултати и долгорочни партнерства меѓу институциите, образованието и граѓанскиот сектор.

Во рамки на посетата, министерката Божиновска и амбасадорот Прескер симболично се вклучија и во самиот креативен процес, учествувајќи во изработката на мозаикот инспириран од рубинот. Преку овој гест, тие дадоа поддршка на идејата за поврзување на природните ресурси со уметноста и образованието, испраќајќи силна порака за значењето на креативноста, инклузијата и заедничкото создавање како двигатели на одржливата иднина.

Работилницата е дел од проектот „Вештини – клучот на зелената економија“, поддржан од Амбасадата на Република Словенија, а го реализираат Центарот за истражување на природата и културата „Nature Expedition“ и здружението „Дијалог“. Проектот комбинира геологија, сторителинг и уметност преку изработка на мозаик инспириран од рубинот. Дополнителна вредност на процесот е и инклузивната компонента – во активностите се вклучуваат и млади лица со Даунов синдром, со што проектот добива и силна општествена димензија.

Во рамки на активностите се изработуваат два мозаика – едниот ќе биде поставен во мермерниот комплекс во Беловодица како дел од концепт за отворена галерија, а вториот ќе биде изложен во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

Проектот „Вештини – клучот на зелената економија“ отвора нова перспектива: од ресурс – до знаење, од минерал – до приказна, од образование – до одржлива иднина

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: Новата инфраструктура ќе ја зајакне економијата во Пелагонија

Следно

ЧЕФЕРИН БЕШЕ НА ПРИЕМ КАЈ ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ, на покана на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ

Latest from Blog

Киву: Бевме храбри, и тоа ме радува

Синоќа во рамките од премиерното коло од новата сезона во Лигата на Шампионите, на Сантијаго Бернабеу, Реал Мадрид и Интер одиграа фантастичен меч. Голови, асистенции, шанси, „зицери“, катастрофални грешки и многу борба

НОРВЕШКА СЕ ПРОСТУВА ОД ОМИЛЕНИОТ МОНАРХ: Спектакуларен погреб за кралот Харалд V

Повеќе десетици илјади луѓе се собраа денеска во центарот на Осло за да му оддадат последна почит на неодамна починатиот норвешки крал Харалд V, чија погребна поворка се движи од Кралската палата

Божиновска: Ветерниот парк во Штип е дел од големата енергетска трансформација

Енергетската независност на Македонија се гради постепено, преку нови производствени капацитети, одговорни инвестиции, знаење и институции со јасна развојна насока, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа истакна

Николоски: Македонија станува лидер во регионот со зелена енергија и одржлив транспорт

Одржливиот транспорт и зелената транзиција се меѓу клучните области преку кои Македонија се стреми да се позиционира како лидер во регионот, порача вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски. Тој

Мурињо во одбрана на Вини: Тој не е во најдобра форма, но дава се од себе и заслужува почит

Тренерот на Реал Мадрид испрати јасна порака до навивачите по победата над Интер. Жозе Мурињо застана во одбрана на Винисиус Жуниор откако Бразилецот повторно беше на удар на дел од навивачите на
Go toTop