Божиновска: Рекорден интерес за субвенции за инвертер клима-уреди – 3.954 апликации досега

September 12, 2025
1 min read

Голем интерес за субвенциите за набавка на инвертер клима-уреди што ги доделува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Според податоците на институцијата, заклучно со 12 септември годинава пристигнале вкупно 3.954 апликации во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија.

Од нив, 2.375 апликации се поднесени од домаќинства со ниски приходи, а 1.579 од домаќинства во кои единствен приход е пензија.

Министерството ги информира граѓаните дека се уште има можност да се аплицира – рокот е до 5 октомври 2025 година. Граѓаните кои припаѓаат на ранливите категории и кои ги исполнуваат условите, можат да поднесат апликации до овој датум.

Апликациите може да се поднесат преку архивата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини или онлајн преку официјалната веб-страница: www.energy.gov.mk.

Министерството ги повикува сите граѓани кои ги исполнуваат условите да ја искористат можноста и да аплицираат до истекот на рокот.

Кој може да аплицира?

  • Домаќинства со ниски приходи, чиј вкупен нето месечен доход во 2024 година не го надминувал:

➢ 25.000 денари за едночлено домаќинство

➢ 31.000 денари за домаќинство со два члена

➢ 37.000 денари за домаќинство со три члена

➢ 43.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена

  • Домаќинства во кои единствен приход е пензија, а вкупниот нето месечен доход во 2024 година не го надминувал:

➢ 15.700 денари за едночлено домаќинство

➢ 19.800 денари за домаќинство со два члена

➢ 23.700 денари за домаќинство со три и повеќе члена

Едно лице може да поднесе само едно барање за едно домаќинство.

Правото на инвертер клима уред не може да го остварат домаќинства кои во изминатите 5 години користеле субвенција за набавка на клима уред или печка на пелети, како и оние кои имаат приклучок на систем за централно греење.

Средства и услови

За оваа мерка се издвоени 170 милиони денари. Средствата ќе бидат искористени за набавка и вградување на инвертер клима-уреди со моќност од 3,5 kW и енергетска класа А+, кои ќе се инсталираат директно во домовите на корисниците.

Со оваа програма, Министерството ја потврдува својата посветеност на подобрување на енергетската ефикасност и намалување на енергетската сиромаштија во земјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Комерцијална, Алкалоид и Стопанска банка со најголем дневен промет

Следно

Инвестиции за заштита на културното наследство и развој на културниот туризам

Latest from Blog

Селекторите на Венецуела и Перу добија откази

Венецуела го отпушти селекторот Фернандо Батиста откако не успеа повторно да се квалификува за Светското првенство. Венецуела, единствената јужноамериканска репрезентација што никогаш не играла на Светско првенство, стигна до последното коло од

Објавени фотографии од 22-годишниот убиец на Чарли Кирк

Осомничениот убиец на Чарли Кирк, идентификуван како 22-годишниот Тајлер Робинсон, е уапсен, потврди директорот на ФБИ, Кеш Пател, на заедничка прес-конференција со гувернерот на Јута, Спенсер Кокс. Тајлер Робинсон, 22-годишник од Јута,

Нема надминувања на граничните вредности за квалитетот на воздухот во Скопје, осевен благо надминување во Лисиче

Според податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух – ДАМСКАВ, во периодот од 10 до 12 септември 2025 година не се регистрирани надминувања на граничните вредности за SO₂,

Ристовски со порака на благодарност: Скопје 2025 ја обедини спортската заедница

Под мотото „Спортот како национален идентитет и визија за иднината“, во Скопје се одржа Првиот Регионален спортски самит „Скопје 2025“, на кој Македонија се покажа како центар на регионалната соработка во спортот.

Пумпните хидроцентрали – ’рбетот на европската енергетска транзиција

 Во Париз неделава беше лансиран „Парискиот завет“ — иницијатива на IHA и Eurelectric што ја обединува европската хидроиндустрија околу една цел: пумпните хидроцентрали да станат „’рбетот“ на европската електрична мрежа, каде со
Go toTop