Божиновска: Регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација

October 2, 2024
2 mins read

Одржливиот развој во енергетскиот сектор не подразбира само усвојување на технологии за чиста енергија, туку и промовирање на енергетската ефикасност и намалување на нашата вкупна потрошувачка на енергија, заклучи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на отворањето на меѓународната конференција „Енергетика 2024“, што од денеска до петок се одржува во Струга во организација на Здружението на енергетичарите на Македонија (ЗЕМАК).

Тоа, според неа, бара инвестиции во истражување и развој, како и соработнички напори меѓу владите, лидерите на индустријата и академските институции.

Регионалната соработка, нагласи ресорната министерка, е од особена важност за енергетската трансформација.

– Енергетските предизвици со кои се соочуваме не се ограничени на националните граници. Проекти за соработка, интегрирани пазари за електрична енергија и регионална координација на политиките се од суштинско значење за постигнување на енергетска безбедност и одржливост во нашиот регион, истакна Божиновска, нагласувајќи дека државата е посветена на продлабочување на соработката со соседните земји.

Идеите и партнерствата кои ќе произлезат од Меѓународната енергетска конференција, подвлече, ќе ја обликуваат иднината на енергетиката во Македонија, регионот и светот.

– Оваа конференција не е само потврда за важноста на енергетскиот сектор, туку и потсетник за предизвиците што ги имаме пред нас, додека се стремиме да ги задоволиме растечките глобални потреби за енергија на одржлив и одговорен начин, додаде Божиновска.

Министерката нагласи дека живееме во реалност кога се поврзано со енергетскиот сектор е од исклучителна важност, а производството и дистрибуцијата на енергија се основа на економскиот раст и стабилност.

– Соодветно на тоа и темата на годинашниот собир, ни дава увид и нѐ поттикнува за поенергично влегување во унапредување на знаењата, политиките и технологиите во производството на енергија, одржливиот развој и заштитата на животната средина. Додека државите ширум светот, вклучувајќи ја и Македонија, се соочуваат со зголемена побарувачка за енергија и потребата за итни климатски акции, неопходно е да соработуваме за иновациите и стратешки да планираме, рече Божиновска.

Една од клучните теми на конференцијата, наглси, е енергетската транзиција, односно намалување на емисиите на јаглерод и обезбедување сигурен и достапен пристап до енергија за сите.

– Државите се оддалечуваат од фосилните горива и вложуваат во обновливи извори на енергија, како сончевата, ветерната, хидро и геотермалната енергија. Северна Македонија не е исклучок и во последниве години направивме значителни чекори во проширување на капацитетите за обновлива енергија, особено со проектите за сончеви и ветерни паркови. Сепак, мора да признаеме дека оваа транзиција е полна со предизвици. Инвестициите во инфраструктурата, регулаторните реформи и усвојувањето на нови технологии бараат значителни ресурси, истакна министерката за енергетика.

За претседателот на Здружението на енергетичарите на Македонија, Борко Алексоски, енергетиката е еден од најважните столбови на кое е поставено секое оптество, па оттаму нејзиното технолошко унапредување и усовршување е од непроценливо значење за целокупниот општествен развој.

– Развојот на енергетиката во нашата држава неопходно е да ги следи сите текови од регинот и од Европа. Во таа насока се преземаат опсежни активности со цел имплементација на европската во нашата национална легислатива, која понатаму е основа за развојот на енергетиката и пристапувањето кон единствениот европски пазар на енергија, истакна Алексоски.

Според него, стручните лица на форумот не само што ќе ги споделат и разменат искуствата и плановите од областа на енергетиката на регионално и глобално ниво, туку и заеднички ќе побараат решенија за тековните проблеми и предизвици кои стојат пред секој од нас.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МФ: Усвоени Фискалната стратегија 2025-2029 и Стратегијата за управуање со јавен долг

Следно

Околу сто дома се оштетени во северниот дел на Тел Авив од ирански ракетен напад

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop