Божиновска – Палминтери: Италијанските компании имаат интерес за учество во енергетски проекти во Македонија

February 10, 2025
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на Италија, Н.Е. Паоло Палминтери. Средбата беше можност за потврдување на континуираната билатерална соработка и дискусија за можности за натамошно унапредување на заедничките иницијативи.

Министерката Божиновска ја истакна важноста на соработката со Италија како еден од стратешките партнери на Македонија. Таа нагласи дека досегашните успешни билатерални односи се добра основа за натамошно зајакнување на енергетските врски меѓу двете земји, особено во насока на инвестиции во обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и модернизација на инфраструктурата.

Амбасадорот Палминтери изрази подготвеност за продлабочување на соработката и поддршка на иницијативите што придонесуваат за енергетска сигурност и одржлив развој. Тој нагласи дека италијанските компании имаат интерес за учество во енергетски проекти во Македонија и ја потенцираше важноста на размената на искуства и технологии како клучен сегмент во енергетската транзиција.

Во таа насока амбасадорот ја информираше министерката Божиновска дека во Македонија во текот на годината ќе биде организиран македонско италијански бизнис форум, каде една од главните теми ќе биде и енергетиката. На форумот ќе присуствуваат голем број компании од Италија и Македонија, што ќе претставува одлична можност за споделување информации и продлабочување на соработката.

Двајцата соговорници се согласија дека традиционално добрите односи меѓу Македонија и Италија претставуваат силна основа за понатамошна соработка, а Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува посветено на привлекување нови инвестиции и имплементација на проекти што ќе придонесат за енергетската стабилност и економскиот развој на земјата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Студентите во БиХ бараа одговорност за жртвите и уништувањето во минатогодишните поплави

Следно

Владата утре се очекува да разговара за цените на прехранбените производи

Latest from Blog

Коњановски: Заедничките иницијативи со Пустец носат конкретни придобивки

СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА БИТОЛА И ПУСТЕЦ Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и претседателот на Советот, Бојан Бојкоски денеска имаа средба со градоначалникот на Пустец, Пали Колефски, кој е во посета на

Коњановски: Инфраструктурата, културата и животната средина се столбови на развојот на Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во интервју за неделникот „Јавност“ истакна дека во изминатиот период градот бележи видлив и конкретен напредок, кој граѓаните директно го чувствуваат во секојдневното живеење. Според него, обновата

Руте во посета на Киев

Првиот заменик-претседател на парламентот, Александар Корниенко, го најави говорот на Руте, истакнувајќи дека неговата посета покажува силна поддршка за Украина и испраќа јасна порака за единство. – Голема чест ми е што

Угостителите побарале пролонгирање на Законот против пушењето, идната недела средба со Дурмиши и Алиу

Прво кампања па примена на Законот против пушењето, побарале угостителите на средбата со државниот секретар во Министерството за економија и труд. Како што информира денеска  министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши,

Муцунски од Дубаи: Македонија е клучна точка каде се вкрстуваат Коридорите 8 и 10

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Светскиот самит за влади во Дубаи, каде говореше на панел-дискусијата посветена на новиот логистички поредок. Муцунски ја истакна стратешката позиција
Go toTop