Божиновска оствари низа средби со претставници од Шведска, Холандија и Marmara Group со фокус на зелена транзиција и инвестиции

February 12, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари серија значајни средби со меѓународни партнери – претставници на Шведска, Холандија и Marmara Group, со цел унапредување на соработката во областа на енергетиката, одржливото рударство и инвестициите.

На средбата со амбасадорот на Кралството Шведска било разговарано за продлабочување на билатералната соработка, размена на експертиза и поврзување на македонските универзитети со шведските искуства.

Божиновска истакнала дека Шведска претставува пример за технолошки напредно и одржливо рударство, знаење кое, како што нагласила, е од големо значење за земјава.
Со амбасадорката на Кралството Холандија фокусот бил ставен на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност, при што било потенцирано значењето на иновациите, практичните решенија и експертската поддршка во процесот на енергетската транзиција.

Министерката остварила средба и со претставници на Marmara Group, каде се разговарало за можности за инвестиции во соларната енергија, како и за учество на Евроазискиот економски самит – платформа на која, според Божиновска, Македонија може да се позиционира како сериозен и стабилен партнер.

„Македонија сака модерна енергетика, одговорно рударство и чист воздух. Работиме на зелена транзиција, но и на економска стабилност. Работиме на инвестиции, но и на знаење. Работиме на партнерства што носат резултати“, порача Божиновска.

Според неа, продлабочувањето на меѓународната соработка е клучно за обезбедување повисоки стандарди, нови инвестиции и одржлив развој во енергетскиот сектор.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тухел потпишува нов договор, ќе биде селектор на Англија до 2028

Следно

Божиновска оствари серија значајни средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop