Божиновска: Нов паметен систем за енергетска ефикасност во основното училиште во Маџари

November 13, 2025
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денес присуствуваше на потпишувањето на меморандум за соработка во основното училиште „Наум Наумовски Борче“ во Маџари, со кој се обезбедуваат паметни уреди за следење и управување со потрошувачката на електрична енергија.

На настанот присуствуваа и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, директорката на училиштето Елизабета Темелковска и претставничката на Шпаркасе Банка, Златица Цивкаровски, која го претстави проектот за донација на современите системи за мониторинг на енергија.

Министерката Божиновска истакна дека ваквите иницијативи се важен чекор кон создавање енергетски свесни генерации и рационално користење на ресурсите од најрана возраст.

 

– Енергетската ефикасност мора да почне од основата – од нашите училишта, каде што ги воспитуваме идните граѓани и професионалци. Со ваквите паметни системи, децата учат што значи одговорно однесување кон енергијата и животната средина, нагласи Божиновска.

Таа додаде дека Министерството ќе продолжи да поддржува проекти кои промовираат рационална потрошувачка, намалување на емисиите и зголемување на одржливоста во јавните институции.

Со поставувањето на новиот систем, училиштето „Наум Наумовски Борче“ стана едно од првите во земјата кое користи интелигентна технологија за следење и оптимизација на енергетската потрошувачка.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: Русија нема да запре, планира голема агресија и во Европа

Следно

Меси: Подобро да бидам сопственик на клуб отколку тренер

Latest from Blog

Нови гнасотилаци од лабораторијата на лаги на Сашка Цветковска

Во својата последна видео-сторија под наслов „Цената на правдата“, во која се зборува за наводни злоупотреби на вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јове Цветановски, ИРЛ и уредничката Сашка Цветковска пласираат шпекулација

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од
Go toTop