Божиновска: Нема позиција премногу висока за жена што е подготвена да води

March 5, 2026
1 min read

Сто и дваесет млади девојки и студентки од Македонија, Турција, Косово, Шпанија и Мозамбик учествуваа на меѓународниот онлајн настан „Leading in Energy and Mining: The Professional Journey of Sanja Bozhinovska“, посветен на женското лидерство во енергетиката, инженерството и рударството. Настанот ги обедини младите жени со експерти и лидери од стратешките индустрии, со цел да ги инспирира да градат кариера во STEM областите и да преземат лидерски улоги.

Во центарот на настанот беше професионалната приказна на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, која сподели искуства од својата кариера и визија за развој на енергетскиот сектор во време на брзи технолошки промени.

– Енергетските системи се трансформираат, а технологијата се развива побрзо од кога било. Младите жени со своето знаење и амбиција ќе ја обликуваат иднината на секторот – истакна Божиновска.

Таа нагласи дека вистинското лидерство се гради преку знаење, одговорност и тимска работа. „Нема сектор премногу сложен, нема позиција премногу висока и нема предизвик премногу голем за жените кои се подготвени да водат“, подвлече министерката.

На настанот се обрати и Тања Михајловска Димитриевска од Women on Boards Adria, истакнувајќи дека поголемото присуство на жени во управните одбори и лидерските позиции не е само прашање на еднаквост, туку предуслов за посилни институции и поодржлив економски развој.

Иницијативата Global Engineer Girls беше претставена како важна платформа за поддршка на младите жени во STEM, преку стипендии, менторство, практикантска работа и обуки. Г-ѓа Еда Јегиналтaј Курт од Limak Foundation посочи дека ваквите настани создаваат простор младите жени да видат реални примери на лидерство и да се мотивираат да ја обликуваат својата професионална иднина.

Организаторите потенцираа дека ваквите настани го градат дијалогот помеѓу генерациите – помеѓу жените кои веќе носат одлуки и младите кои допрва ќе ја обликуваат иднината на енергетиката, технологијата и одржливиот развој.

– Патот можеби нема секогаш да биде лесен, но е возможен – и не го одите сами – порачаа тие.

Министерката Божиновска заклучи дека иднината на енергетиката и инженерството е инклузивна, иновативна и сè повеќе предводена од жени лидери.

– Енергетиката и рударството ги движат економиите. Но лидерството – етичко, инклузивно и визионерско – е она што го движи вистинскиот напредок – истакна таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Битола ја зајакнува комуналната дејност со нова механизација

Следно

Артета: Голема победа за нас

Latest from Blog

Азербејџанскиот претседател Алиев го обвини Иран за напад со беспилотни летала, армијата е во состојба на готовност

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев денеска го обвини Иран за напад со беспилотни летала на територијата на Нахчиван, автономна република во состав на Азербејџан, и изјави дека азербејџанските вооружени сили се ставени во

Евакуираните македонски државјани од Израел ќе пристигнат вечерва на Скопскиот аеродром

Евакуираните македонски државјани од Израел, кои преку Египет се враќаат во Република Северна Македонија, се очекува да слетаат на Меѓународниот аеродром Скопје околу 20 часот. Како што соопштуваат од Министерството за надворешни

Коњановски: Општина Битола инвестира во нова механизација за поефикасни комунални услуги

Со две нови комунални возила е збогатен возниот парк на јавното претпријатие „Комуналец“ Битола, за што како што вели директорот Горан Степановски она што го ветија пред јавноста го реализираат. Набавени се

Артета: Голема победа за нас

Екипата ан Арсенал синоќа обезбеди нова победа во премиерлигашкиот шампионат против тимот на Брајтон од 1:0. Триумфот е исклучително важен во битката за највисок пласман сезонава, затоа што сега Арсенал има седум
Go toTop