Божиновска: Македонскиот мермер е национален бренд и економски потенцијал

February 21, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска беше во теренска посета на „Мермерен Комбинат Прилеп“, каде ги разгледа процесите на експлоатација, условите за работа и инвестициите во модерна технологија и безбедност.

Божиновска истакна дека македонското рударство има знаење, традиција и потенцијал, и дека задачата на институциите е да обезбедат јасни правила, стабилна средина и фер услови за сите. Таа нагласи дека развојот мора да оди заедно со стандарди, грижа за животната средина и почитување на правилата, за успехот да биде долгорочен.

„Ресурсите што ги имаме мора да значат повеќе работни места, повеќе финална обработка во Македонија, повеќе додадена вредност за домашната економија и одржливо рударство што носи реална корист за граѓаните“, рече Божиновска.

Министерката потенцираше дека компаниите кои инвестираат во технологија, безбедност и заштита на животната средина се партнери во развојот и дека токму таков пристап институцијата ќе поддржува, нагласувајќи дека политиките се креираат директно на терен, каде што се создава реалната економија.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украина ја нападна руската република Удмуртија, а Русија ја ракетрираше Одеса

Следно

Николоски: Интензивно се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Latest from Blog

Возачот возел дрогиран и усмртил моторџија кај Пластичарска – ОЈО бара притвор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот

Еве кој е прогласен за играч на натпреварот!

ФОТО:x.com/ChampionsLeague ПСЖ ја освои Лигата на шампионите по изведување на пенали вечерва во Будимпешта. Финалето заврши со резултат 1:1 по регуларното време, а во продолжението од половина час не беа постигнати голови.

Русија: Украински дрон ја погоди најголемата нуклеарна централа во Европа

Во соопштението се вели дека нападот не предизвикал штета на клучната опрема, но направил дупка во ѕидот на машинската просторија. „Попладнево, украински борбен дрон камикази го погодил ѕидот на машинската просторија на
Go toTop