Божиновска: Македонија го забрзува патот кон европскиот енергетски пазар

February 5, 2026
1 min read

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го презентираше напредокот на Реформската агенда пред амбасадорите на Европската Унија. На средбата се акцентираше на праведна енергетска транзиција, интеграција во европскиот енергетски пазар и заштита на ранливите потрошувачи.

Усвоен е Годишен план за 2026 година, целосно усогласен со стратешките документи на Владата, а со новиот Закон за енергетика се овозможува ефикасна интеграција на националниот пазар во регионалниот и европскиот пазар.

Министерството посвети внимание и на социјалната димензија, обезбедувајќи поддршка за илјадници домаќинства преку мерки за заштита на ранливите потрошувачи. Дополнително, е усвоен тригодишен план за реновирање на објектите на централната Влада, со цел модернизација и одржлива инфраструктура.

 

„Продолжуваме со транспарентно и одговорно спроведување на реформите, во тесна соработка со Владата, институциите и меѓународните партнери, за сигурен, модерен и праведен енергетски систем за граѓаните и економијата“, истакна министерката Сања Божиновска.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: „Цветан Димов“ ќе стане современ булевар во општина Чаир

Следно

Како бремените жени станаа мета на дезинформации за вакцините

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop