Божиновска: Интрадеј пазарот е клучен чекор кон зелена и конкурентна енергетика

May 6, 2026
1 min read

Со официјалното започнување на Пазарот во тековниот ден (Intraday Market), Македонија прави значаен исчекор кон целосна либерализација, модернизација и европска интеграција на електроенергетскиот пазар. Настанот, организиран од Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, се одржа во присуство на високи владини претставници, институции, енергетски компании и меѓународни партнери.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во своето обраќање истакна дека воспоставувањето на Интрадеј пазарот претставува нова фаза во развојот на националниот електроенергетски систем и клучен механизам за зголемување на неговата флексибилност и ефикасност.

„Овој процес во минатото беше сериозно забавен поради институционални слабости и недостаток на стратешки фокус. Со јасна политичка волја, силна координација и посветена работа на сите институции, успеавме да го откочиме и да го реализираме овој важен сегмент од пазарот“, истакна Божиновска.

Таа нагласи дека Интрадеј пазарот овозможува управување со електричната енергија во реално време, што е од особено значење во услови на динамичен енергетски систем.

„Во време кога секој мегават-час е важен, овој пазар претставува сигурносен механизам кој носи флексибилност и стабилност. Компаниите добиваат можност да ги прилагодуваат своите позиции непосредно пред испораката, да ги намалат трошоците за дебаланс и поефикасно да управуваат со производството и потрошувачката“, потенцираше министерката.

Божиновска истакна дека новиот пазарен сегмент има клучна улога и во процесот на енергетска транзиција, особено во интеграцијата на обновливите извори на енергија.

„Со Интрадеј механизмот, варијабилноста на сонцето и ветерот повеќе не претставува ризик, туку можност за развој. Ова е важен чекор кон зелена, одржлива и конкурентна енергетика“, рече таа.

Министерката потенцираше дека ова не е крајна цел, туку почеток на следната фаза – целосна интеграција на македонскиот пазар со европскиот.

„Веќе од утре, фокусот го насочуваме кон пазарно поврзување (Market Coupling) со соседните земји, што ќе обезбеди поголема ликвидност, пофер ценовни сигнали и дополнителна заштита на домашните компании од трошоците поврзани со ЕУ механизмите, вклучително и CBAM“, истакна Божиновска.

Воедно, таа нагласи дека Министерството останува силно посветено на зајакнување на институционалните капацитети, унапредување на регулаторната рамка и поттикнување на инвестициите во енергетската инфраструктура и обновливите извори.

Министерството упати благодарност до МЕМО за нивната посветеност, како и до стратешките партнери – словенечката берза BSP и Енергетската заедница, чија експертиза и поддршка беа клучни за реализацијата на овој проект.

Настанот беше отворен со обраќање на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој истакна дека воспоставувањето на Интрадеј пазарот е доказ за конкретни реформи и јасна визија во енергетскиот сектор.

Генералниот директор на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, нагласи дека со воведувањето на овој пазар, македонскиот електроенергетски систем добива способност за функционирање во реално време, со јасни ценовни сигнали и подобро управување со ресурсите.

На настанот се обратија и претставници од меѓународните партнери, кои ја истакнаа важноста од овој чекор за регионалната интеграција и европската енергетска поврзаност.

Со воспоставувањето на Интрадеј пазарот, Македонија дополнително ја зацврстува својата позиција како активен и кредибилен партнер во европскиот енергетски систем, отворајќи нова фаза на развој, конкурентност и одржливост во секторот.

 

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН: Редот во Чаир ги нервира партијата од „Соравија“ и милионерите од Мала Речица

Следно

Комерцијална банка, НЛБ Банка и Македонски Телеком најтргувани; МБИ10 порасна за 0,09%

Latest from Blog

Ќе има ли суша и во македонија, и дали постои закана од недостаток на струја

Додека Дунав, Сава и Драва бележат рекордно низок водостој, а некои европски земји се соочуваат со намалено производство на струја и проблеми во пловидбата, состојбата во Северна Македонија засега е стабилна анализа

Николоски од Ново Село: Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со силно темпо

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека Владата продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на поврзаноста со македонската дијаспора. Тој информираше дека вечерва, на покана

Блумберг открива детали: Европејците и Русите тајно разговарале за мирот во Украина

Поранешни високи функционери од Обединетото Кралство, Франција и Германија се сретнаа тајно со неименуван поранешен функционер на Кремљ во Виена во јули за да разговараат за можни услови за мировни преговори за

Кои европски земји имаат минималец над 2.000 евра?

Евростат ги објави минималните плати за втората половина од 2026 година, покажувајќи дека само осум од 29 европски земји ја зголемиле својата бруто минимална плата помеѓу јануари и јули 2026 година, додека
Go toTop