Screenshot

Божиновска: Интерконекторот со Србија ќе биде готов до 2027 година

December 13, 2025
2 mins read

Македонска делегација, предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, заедно со тимот од Секторот за нафта и гас во Министерството и раководните лица од Номагас, МЕМО и МЕПСО, престојуваше во Белград по покана на српската министерка за рударство и енергетика.

Дел од делегацијата беа и директорот на Номагас, г-дин Недим Рама, заменик директорот на МЕПСО, г-дин Александар Пауновски, директорот на МЕМО, г-дин Зоран Ѓеорѓиевски и раководителот на Секторот за нафта и гас при МЕРМС, г-дин Горан Николовски. Главниот фокус на посетата беше забрзаната реализација на гасниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Србија – проект од стратешко значење за регионалната поврзаност и долгорочната енергетска безбедност.

На работната средба беа разгледани клучните технички, финансиски и институционални чекори потребни за продолжување на активностите за изградба на интерконекторот. Овој инфраструктурен проект, со вкупна должина од околу 67 километри (23 km на територијата на Северна Македонија и 44 km во Србија), ќе ги поврзе гасните системи на двете земји – на македонска страна со приклучување кај Клечовце, а во Србија со националната гасоводна мрежа во близина на Врање.

 

За финансирањето на интерконекторот има интерес и од Светската банка и други комерцијални банки, бидејќи претставува дел од пошироката визија за интегриран, диверзифициран и сигурен регионален пазар на гас.

Министерката Сања Божиновска истакна дека проектот напредува согласно утврдена и усогласена динамика меѓу двете работни групи .

„Интерконекторот со Србија е клучниот проект што ќе ја отвори нашата земја кон нови извори на гас и ќе ја засили регионалната енергетска стабилност. Но ова е и една од најважните инфраструктурни врски за целиот регион – значајна не само за Северна Македонија и Србија, туку и за цела Европа. Имаме завршени студии, усогласена рута и координирана акција која веќе се спроведува. Нашата цел е интерконекторот да стане реалност во најскоро време, затоа што секој ден е важен за сигурноста на граѓаните и економијата.“ истакна Божиновска.

Од своја страна, српската министерка за рударство и енергетика, Дубравка Хандановиќ Ѓуровиќ, ја нагласи важноста на заедничката регионална визија:

„Гасниот интерконектор со Северна Македонија е проект што има значење подалеку од нашите граници. Тој е дел од визија за регион кој е енергетски поврзан, стабилен и усогласен со европските цели. Соработката со министерката Божиновска и македонскиот тим е интензивна и конструктивна. Со поддршка од ‘Транспорт гас Србија’ и ‘Номагас’ ќе создадеме нова енергетска оска на стабилност меѓу двете земји. Се согласивме на интензивни редовни средби, со цел интерконекторот да стане реалност во најскоро време.“

Очекуваната динамика и следните чекори

Двете делегации ја потврдија целосната посветеност за интензивна координација и навремено исполнување на сите обврски. Согласно усогласената динамика:

  • Изградбата на интерконекторот се очекува да биде завршена во текот на 2027 година.
  • Во 2028 година низ новиот гасовод се очекува да протече и првиот гас.
  • Интерконекторот е предвиден и да биде технички подготвен за идниот транспорт на водород, усогласено со долгогодишните европски енергетски цели и зелените политики.

На крајот од средбата, беше потврдена заедничката определба за силна институционална и техничка координација со јасна цел – гасниот интерконектор Северна Македонија – Србија да стане функционална, модерна и безбедна енергетска врска која ќе обезбеди поголема сигурност, диверзификација и регионална интеграција, во интерес на граѓаните, економијата и целиот регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дневен хороскоп за 13 декември 2025 година

Следно

Икарди би можел да се врати во Милан

Latest from Blog

Божјата рака ги води: Овие 4 знаци влегуваат во Новата година со невидена заштита, грижите исчезнуваат, доаѓа чудо и целосен благослов

Конечно можат да воздивнат со олеснување! Овие 4 знаци ги оставаат сите свои тешки грижи зад себе – Божјата рака ги води во година полна со невидена среќа. Сите сме имале тешки

Комерцијална банка и Макпетрол со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,32%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 8 до 12 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 237 трансакции со вкупен

Балканските нарко-кланови преговарале и ШУРУВАЛЕ СО ЕСКОБАР УШТЕ ПРЕД 3 ДЕЦЕНИИ?

Денес, Европа е преполна со кокаин, а количините што пристигнуваат од сите страни ги надминуваат дури и оние на американскиот пазар, благодарение на балканските криминални кланови. Експертите тврдат дека тоа било под

Балканските нарко-кланови преговарале и ШУРУВАЛЕ СО ЕСКОБАР УШТЕ ПРЕД 3 ДЕЦЕНИИ?

Денес, Европа е преполна со кокаин, а количините што пристигнуваат од сите страни ги надминуваат дури и оние на американскиот пазар, благодарение на балканските криминални кланови. Експертите тврдат дека тоа било под
Go toTop