Божиновска и Љатифи отвораат врата за нова енергетска ера со KfW

August 21, 2025
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и директорот на МЕПСО г Бурим Љатифи остварија работна средба со претставници на германската развојна банка KfW, посветена на унапредување на соработката во делот на енергетската инфраструктура и регионалната интерконекција.

На средбата беше разговарано за неколку клучни проекти во партнерство со АД МЕПСО, кои се од стратешко значење за стабилноста и модернизацијата на електроенергетскиот систем:

Подготовка на нов Правилник за мрежата (Grid Code) усогласен со новиот Закон за енергетика и Четвртиот енергетски пакет на ЕУ. Во рамки на ова, ќе се обезбеди техничка помош, а постапката за набавка ќе биде спроведена според процедурите на KfW.

Интерконектор Северна Македонија – Косово (400 kV): како прв чекор, ќе се изработи прет-физибилити студија која ќе ги опфати потенцијалните траси и еколошките аспекти. За ова е договорена заедничка апликација до WBIF за техничка помош и понатамошна поддршка на проектот.

Јакнење на електропреносната мрежа со приоритетни линии:• 110 kV Струја – Куманово – Крива Паланка,• 400 kV Штип – Радовиш – Струмица – Петрич/Сандански (Бугарија)

Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за продолжување на билатералните средби и за убрзување на процесите со цел обезбедување сигурен и модерен електроенергетски систем, подготвен да го апсорбира растот на обновливите извори на енергија.

,,Регионалното поврзување и модернизацијата на електропреносната мрежа се предуслов за стабилен и сигурен енергетски систем. Соработката со KfW е значаен поттик за реализација на проекти што ја зајакнуваат позицијата на Северна Македонија во европската енергетска мапа и го поддржуваат енергетскиот транзициски процес,“ изјави министерката Сања Божиновска.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и натаму ќе работи на забрзување на стратешките инвестиции во енергетиката, во партнерство со меѓународните финансиски институции и домашните енергетски компании.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јанчев: За 80% намалување на загадувањето во Кавадарци со гасификацијата и топлификацијата

Следно

Ја возеле туристката низ град и ТАКСИСТОТ И НАПЛАТИЛ 1.506 ЕВРА!

Latest from Blog

Проданоски: Општината е дом и за најмладите

Кабинетот на градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше исполнет со детска љубопитност и насмевки, откако во посета пристигнаа четвртоодделенци кои, во рамки на наставната програма, учат за локалната самоуправа и

ФФМ распиша конкурс за дизајн на новиот пехар за шампионот на Македонија

Фудбалската федерација на Македонија распишува конкурс за избор на најдобро идејно решение за новиот пехар наменет за шампионот на Македонија во Првата фудбалска лига. Целта на конкурсот е да се изработи современо,

СО ОВОЈ ТРИК НЕМА ДА МОРА ДА СТРУГАТЕ МРАЗ ОД СТАКЛАТА НА АВТОМОБИЛОТ: Само вклучете ги бришачите и можете да возите

Утринскиот аларм ѕвони, надвор е длабок минус, а веќе ве фаќа студ при самата помисла на онаа омразена пластична стругалка и смрзнатите прсти. Решението за замрзнатите стакла на автомобилот не е во
Go toTop