Божикно послание на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан: „Да ја следиме ѕвездата на нашата совест што нè води до Христа!“

January 3, 2025
1 min read

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, поглавар на МПЦ – ОА, во пресрет на Рождеството Христово – Божик, испрати Божикно послание до верниците.

Порачува сите ние како личности, како Црква и како народ, да бидеме благодарни за сите наши дарби, бивајќи свесни дека сè што имаме е  од Господа. Да се почитуваме меѓусебно, со даровите коишто Светиот Дух штедро ги излева врз секого, за изградување на единство во Црквата Христова. Милостивиот Бог, преку Неговата љубов и Неговата благодат, истакнува г.г. Стефан, може да ги преобрази нашите стравови и несовршености во љубов и усоврушување во радоста на Светиот Дух.  

– Празнувањето на Божик нè поставува пред изборот како ќе одговориме пред Христа Богомладенецот: дали ќе го следиме примерот на исплашениот Ирод, што води во погибел; или оној на смирените и искрени мудреци и пастири, кои со радост Му се поклонија на новородениот Цар? Па, нас ништо не нè принудува да наликуваме на Ирода! Напротив, бивајќи крстени во името Христово, можеме да ја следиме ѕвездата на нашата совест којашто нè води до Христа, та Нему да Му ги принесуваме нашите лични дарови и таланти. Правејќи го ова, се ослободуваме од духовната поробеност, со што ни се покажува друг пат, патот на Евангелието, патот на вистинската слобода во радосната заедница на Неговото вечно Царство, порачува поглаварот на МПЦ-ОА.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најавен Вевчанскиот карневал: Национален бренд кој нуди уникатно искуство

Следно

Повеќе од 12 и пол милиони евра, Видеолотарија им исплати на играчите на ВЛТ во 2024

Latest from Blog

Стуб до Трамп: Се формира „поевропско НАТО“ во кое Европа презема одговорност

Разговорот се одржал истиот ден кога Трамп за Ројтерс изјави дека размислува за повлекување на САД од НАТО. Стуб, на социјалните мрежи, го опиша разговорот како конструктивен. – Конструктивна дискусија и размена

Следува промена на времето со врнежи од дожд и снег

Промена на времето со врнежи од дожд и снег на повисоките места најавуваат метеоролозите поради засилена циклонска активност. Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, врнежите локално ќе бидат пообилни и на места

Филипче со писма до ЕУ за политиките на Мицкоски

Се продлабочува судирот меѓу власта и опозицијата околу евроинтеграцијата на Македонија, во услови на повеќемесечен застој на процесот за приближување кон Европската Унија. Власта и опозицијата меѓусебно се обвинуваат за предавство на
Go toTop