Божиќната фотографија на Меланија и Доналд Трамп предизвика дебата на мрежите: Честитката е „студена“

December 24, 2025
1 min read

Претседателот на САД и првата дама стојат држејќи се за раце во Белата куќа, зад нив прекрасна елка и украси што светкаат. И двајцата се врамени со американското и претседателското знаме. Сè на сè, празнично… Сепак, ако ги погледнете лицата на Трамп и Меланија, расположението за прослава не е присутно. И двајцата гледаат сериозно и „фиксирано“ во камерата. Без насмевки, без движења, би се рекло дека нема празнична, божиќна атмосфера!

Фотографијата е направена на 7 декември во Крос салата на Белата куќа. И двајцата се облечени во црно. Меланија Трамп носи долг црн фустан без ракави. Го комбинира со едноставни бисерни обетки и дијамантска нараквица.

Претседателот Трамп позира во црн смокинг со црна машна и лакирани чевли. Елегантно, без сомнение! Сепак, наместо божиќен и топол впечаток, фотографијата изгледа ладно и сериозно.

„Билд“ објавува дека честитките што Белата куќа им ги испраќа на граѓаните исто така звучат ладно и формално: „Среќен Божиќ од претседателот Доналд Џ. Трамп и првата дама Меланија Трамп“. Додаден е емотикон со американско знаме.

Корисниците на X се смеат на „намќорестите“ божиќни честитки.

„Изгледаат како да одат на погреб“, напиша еден корисник.

Многумина коментираат на фотографијата со зборовите „Направете го Божиќ повторно голем“ – алузија на изборниот слоган на Трамп „Направете ја Америка повторно голема“.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рома се сели од „Олимпико“, во план е изградба на нов стадион

Следно

„Одисеја“ го надмина „Опенхајмер“- новиот филм на Нолан урива рекорди уште со трејлерот (ВИДЕО)

Latest from Blog

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина

Хоџа: Продолжуваме со силни инвестиции во Арачиново

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, и градоначалникот на Арачиново, Даут Беќири, на денешната работна средба го потврдија напредокот на клучните инфраструктурни проекти во општината. Во моментов се активни
Go toTop