Борис Писториус е новиот германски министер за одбрана

January 17, 2023
1 min read

Писториус ја наследува Кристин Ламбрехт, која вчера поднесе оставка откако со месеци се соочуваше со критики во врска со испраќањето оружје на украинската војска

Досегашниот министер за внатрешни работи на германската покраина Долна Саксонија, 62-годишниот Борис Писториус, ќе стане нов сојузен министер за одбрана.

Писториус ја наследува Кристин Ламбрехт, која вчера поднесе оставка откако со месеци се соочуваше со критики во врска со испраќање оружје на украинската војска.

Борис Писториус ја извршуваше функцијата министер за внатрешни работи и спорт на Долна Саксонија од 2013 година.

Предходно тој беше на позиции на локално ниво, вклучително и како градоначалник на Оснабрик, град во северозападната германска покраина Долна Саксонија.

Писториус е популарен во својата држава. Тој е член на извршната власт на партијата СПД и неколкупати бил на функции на сојузно ниво.

Првата точка од распоредот на следниот германски министер за одбрана ќе биде дали да испорача напредни борбени тенкови во Украина, изјави денеска германскиот министер за економија Роберт Хабек.

„Кога ќе биде назначен нов министер за одбрана, тоа ќе биде првото прашање за кое треба да донесе конкретна одлука“,

изјави Хабек за германското национално радио „Дојчландфунк“.

Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт вчера поднесе оставка, во време кога владата во Берлин е под зголемен притисок да дозволи испраќање борбени тенкови во Украина. Германската влада се соочува со обновени апели да испрати тенкови „леопард 2“, кои Украина ги смета за клучни ако сака да ја победи Русија или барем да одобри нивна испорака од други земји, како што е Полска. Варшава е јасна за својата намера да снабдува борбени тенкови, но бара дозвола од Германија како земја на производство.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Датумот кога ќе заврши реконструкцијата на булеварот Киро Глигоров да се прогласи за празник на Град Скопје! 

Следно

ОН: Повеќе од 7.000 цивили загинале во војната во Украина, реалната бројка е „значително поголема“

Latest from Blog

ЛШ: Историска ноќ и победа за Комо, „петарда“ за Бодо во Минхен, Манчестер Ј. силно против Сабах

Комо со стил дебитираше во Лигата на шампионите. Тимот предводен од Сеск Фабрегас славеше со 3:1 против Лајпциг на „Синигалија“ и оствари историска победа во своето прво појавување во елитното европско натпреварување.

САД до сојузниците во НАТО: Напуштете го Меѓународниот кривичен суд и прекинете им ја поддршката

На состанокот на амбасадорите на 32 членки на НАТО зад затворени врати во Брисел кон средината на јули, американскиот претставник Метју Витакер побара од сојузниците да го напуштат Римскиот статут, основниот документ

Медведев: Нашето трпени не е бесконечно, останува нуклеарната опција

Во интервју објавено денес, Медведев ги отфрли толкувањата дека реториката на неговата земја за употребата на нуклеарно оружје е само низа „навестувања“, објави весникот „Ведомости“. „Ова не е тактика на заплашување, туку

Лавеци има сериозни психички проблеми (ВИДЕО)

Некогашната аергентинска фудбалска звезда, Езекил Лавеци, кој славата ја стекна во Наполи односно ПСЖ, во моментов има 41. година и објави во јавноста дека се соочува со сериозни психички проблеми. Додаде дека
Go toTop