Борел по средбата со Вучиќ и Курти: Постигнат е напредок, потребна е дополнителна работа

February 27, 2023
1 min read

По разговорот со Борел и Курти, Вучиќ за медиумите изјави дека била исклучително тешка средба и дека ќе има уште една средба на 18 март во Северна Македонија, кога Борел ќе го посети регионот

На денешните разговори во Брисел, српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти изразија подготвеност Белград и Приштина да ги спроведат постигнатите договори, но потребни се дополнителни средби, изјави високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика Жозеп Борел, по средбата со српскиот и косовскиот лидер.

„Постигнат е напредок, но потребна е дополнителна работа за да се спроведе договореното“,

изјави Борел, пренесува ФоНет.

Средбата меѓу Вучиќ и Курти со шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, започна нешто пред 18 часот, околу 45 минути подоцна од планираното. Средбата траеше цели два часа.

„Тешка средба. Како што се очекуваше. Нема предавање“,

напиша Александар Вучиќ на Инстаграм, веднаш по завршувањето на средбата.

По разговорот, Вучиќ за медиумите изјави дека била исклучително тешка средба и дека ќе има уште една средба на 18 март во Северна Македонија, кога Борел ќе го посети регионот.

„До тогаш треба да разговараме со Лајчак. Ќе се разговара за неопходноста од спроведување на сите досегашни договори. ЗСО се подразбира, и мислам дека господинот Курти не беше спремен да го прифати тоа сега, ќе видиме во иднина. Се плашам дека можеме да останеме заглавени во нешто што одамна требаше да се исполни“,

изјави Вучиќ.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПСЖ до крајот на сезоната без повредениот Кимпембе

Следно

СТРУМИЦА НЕ ПАМЕТИ ВАКВО НЕВРЕМЕ – вечерва улиците под вода, огромни парчиња град паѓаа од небото (ВИДЕО)

Latest from Blog

Коњановски: Во 2027 година се планира пуштање делница од 12 километри на автопатот Прилеп–Битола

Делница од 12 километри од автопатот Прилеп–Битола е планирано да биде пуштена во сообраќај во 2027 година, а до крајот на 2028 година да бидат асфалтирани вкупно 28 километри. Ова било најавено

Проданоски: Потенцијалот на младите да го претвориме во дела за Прилеп

Повеќе од 200 млади од Прилеп учествуваа во симулација на Европскиот парламент, преку која се запознаа со функционирањето на европските институции, носењето одлуки и значењето на демократската дебата. Градоначалникот Дејан Проданоски ја

Божиновска: Македонија е дел од трансатлантскиот дијалог за енергетска безбедност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на 18 и 19 ноември ќе учествува на Седмиот состанок на Партнерството за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) во Варшава, Полска, организиран во соработка

Коњановски: Гласот на младите треба да се преточи во конкретни локални решенија

Триесет средношколци од Битола развија проектни предлози за решавање проблеми во својата заедница, во рамките на проектот ЛАПСИ – Локални активни платформи за социјални иновации. На денешната работилница тие ги финализираа идеите

Општина Прилеп: Втор повик за поддршка на семејствата со првачиња во учебната 2026/2027 година

Општина Прилеп објави втор јавен повик за доделување еднократна парична помош на семејствата со деца запишани во прво одделение во учебната 2026/2027 година. Повикот е наменет за родителите кои не аплицирале во
Go toTop