Борел: Неопходен е итен прекин на огнот во Газа

December 29, 2023
1 min read

Тој изјави дека бомбардирањето на бегалскиот камп Магази е едно од најсмртоносните, додавајќи дека е регистрирано раселување на уште 150 илјади луѓе

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, денеска изјави дека е неопходен итен прекин на огнот во Појасот Газа.

„Израелската копнена офанзива во центарот на Газа продолжува да резултира со големи жртви и покрај обврската на израелската армија да ги заштити цивилите“,

напиша Борел на социјалната мрежа Х.

Тој изјави дека бомбардирањето на бегалскиот камп Магази е едно од најсмртоносните, додавајќи дека е регистрирано раселување на уште 150 илјади луѓе. 

Израел начелно се согласи да му дозволи на Кипар да отвори поморски коридор меѓу тој остров и Појасот Газа, палестинска територија под израелска блокада, каде што хуманитарните потреби се огромни, потврди денеска израелското министерство за надворешни работи.

Кипар го предложи коридорот по избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас, палестинското исламистичко движење на власт во Појасот Газа.

Според ОН, хуманитарната ситуација во Газа е катастрофална, околу 1,9 милиони луѓе или 85 отсто од населението морале да ги напуштат своите домови. Сериозен недостиг од најосновните производи има на таа територија, која е под целосна израелска блокада од 9 октомври, два дена по почетокот на конфликтот меѓу Израел и палестинскиот Хамас.

Засега хуманитарната помош се доставува во недоволно количество, по копно, преку преминот Рафах меѓу Појасот Газа и Египет.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЈАР го тужи Израел: „Тие се виновни за геноцид“

Следно

Променливо облачно и тивко, температурите до 16 степени

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop