Борел: Нападот врз болницата е „трагедија која се одвива пред нашите очи“

October 17, 2023
1 min read

АТИНА (АА) – Израелскиот напад врз баптистичката болница Ал-Ахли Араби во северниот дел на Газа е „трагедија што се одвива пред нашите очи“, изјави шефот за надворешна политика на Европската Унија (ЕУ), Жозеп Борел, јавува Анадолу.

„Уште еднаш, невините цивили ја плаќаат највисоката цена“, рече Жозеп Борел на платформата X.

„Одговорноста за ова злосторство мора јасно да се утврди и сторителите да бидат повикани на одговорност“, додаде Борел.

Инаку, над 500 луѓе загинаа во израелски воздушен напад врз баптистичката болница Ал-Ахли во Газа, изјави за Анадолу портпаролот на Министерството за здравство, Ашраф ал-Кудра.

На снимките од местото на нападот се гледаат трупови во кругот на болницата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Над 500 загинати во напад на Израел врз баптистичката болница Ал-Ахли во Газа

Следно

Пентагон: САД обезбедуваат безбедносни системи за елиминирање на Хамас, а не за убивање цивили

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop