Борел: „Големите сили заборавија на палестинското прашање“

October 23, 2023
1 min read

АТИНА (АА) – Шефот за надворешна политика на Европската Унија (ЕУ), Жозеп Борел, денес изјави дека пред избувнувањето на тековниот конфликт на Блискиот Исток, големите сили заборавиле на палестинското прашање, јавува Анадолу.

Говорејќи за новинарите по пристигнувањето на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел, Борел рече: „Мировниот процес е предолго заборавен. Големите сили заборавија на палестинското прашање мислејќи дека тоа ќе се реши само или дека не е важно – да, важно е.“

„Да, мора да продолжиме да работиме на тоа. Оваа иницијатива (Напор за ден на мирот) ја започнавме за време на Генералното собрание на ОН. Сега сигурно има потреба, мора да се надгради и ќе почнеме да разговараме за тоа“, додаде тој.

Борел додаде дека Хамас треба да ги ослободи сите заложници што ги држи и да престане со истрелување ракети од Газа кон Израел за деескалација на ситуацијата.

„Но, приоритет во моментов е во Газа да пристигне хуманитарната помош“, рече тој.

На прашањето која е главната пречка за пуштање на хуманитарната помош во Газа, Борел одговори: „Во одреден момент, Египет е подготвен да ги пушти сите камиони што чекаат во колони да влезат. Не сакам да ја префрлам вината на никого, но факт е дека тие не влегуваат.“

Првите камиони со помош влегоа во Газа по долги преговори со Израел, кој сака да ги подложи сите камиони на долга проверка и да го ограничи бројот на камиони на дел од она што пристигнуваше пред конфликтот.

Конфликтот во Газа, која е под израелско бомбардирање и блокада од 7 октомври, започна кога Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“, повеќестран ненадеен напад со низа лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел по копно, море и воздух. Се наведува дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата „Ал Акса“ и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Израелската армија продолжи со интензивните воздушни напади врз Газа, во кои уништи цели населби.

Според досегашните податоци, најмалку 5,087 Палестинци, меѓу кои 2.055 деца, загинаа во израелските напади врз Газа.

Голем број луѓе останаа заробени под урнатините.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владиката Григориј на партиска прослава на ВМРО-ДПМНЕ: Само смртта може да го раздвои Македонецот од името ВМРО

Следно

Штипските пензионери протестираа со празни тегли за зимница

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop