Борел го повика Израел да престане да го попречува влезот на хуманитарната помош во Газа

March 13, 2024
1 min read

ТОРОНТО (АА) – Шефот за надворешна политика на Европската Унија, Жозеп Борел, рече дека Израел е одговорен за хуманитарната криза во Појасот Газа со попречување на испораката на помошта, јавува Анадолу.

„Мораме да ја зголемиме хуманитарната помош (во Газа). Но имајте на ум дека оваа хуманитарна криза не е предизвикана од природна катастрофа. Тоа не е поплава, не е земјотрес. Тоа е хуманитарна катастрофа предизвикана од човекот“, изјави Борел за новинарите во Обединетите нации, додавајќи дека ЕУ ја зголемува својата хуманитарна помош.

„Мораме да ја мобилизираме меѓународната заедница, но најитно е израелските власти да престанат да го попречуваат влезот на хуманитарната помош“, додаде тој.

Борел истакна дека израелското попречување на хуманитарната помош за Газа е главниот проблем, велејќи дека доставувањето помош по воздушен или морски пат не може да биде алтернатива на копнените патишта.

„Не можеме да замениме стотици тони и стотици камиони кои доаѓаат по копнен пат со воздушна операција“, рече тој.

Во врска со неодамнешната изјава на папата Франциск за Украина да го подигне „белото знаме“ и да преговара за завршување на војната со Русија, Борел рече: „Мислам дека не постои начин Украинците да се предадат, да го подигнат белото знаме. Не е дојден тој момент за Украинците. Тие треба да продолжат да се спротивставуваат на напаѓачот, а ние мора да продолжиме да ги поддржуваме во отпорот.“

Борел нагласи дека ЕУ не е против Русија или рускиот народ.

„Ние сме само против авторитарниот режим кој го нападна својот сосед, прекршувајќи ја Повелбата на Обединетите нации“, рече тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Да ја заштитиме јавноста од неквалитетни новинари

Следно

Бајден и Трамп ги обезбедија претседателските номинации

Latest from Blog

Хоџа: Продолжуваме со силни инвестиции во Арачиново

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, и градоначалникот на Арачиново, Даут Беќири, на денешната работна средба го потврдија напредокот на клучните инфраструктурни проекти во општината. Во моментов се активни

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија на Уставниот суд

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска, судија на Апелацискиот суд, за судија на Уставниот суд. На денешната седница 10 члена на Судскиот совет гласаа „за“, еден беше против, а судијката Антоанета Димовска

Салах би можел да потпише за Барселона?!

фото: Liverpool FC (X) Заврши ерата на “Фараонот“ на „Енфилд“. Ливерпул вчера објави дека Мохамед Салах по девет години ќе го напушти клубот. Дојде време за збиогување, но Египќанецот ќе биде запаметен
Go toTop