Борел: Го осудувам ужасниот напад на вооружената банда врз службениците на косовската полиција во Бањска

September 24, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, најостро го осуди „ужасниот напад на вооружената банда врз службениците на косовската полиција во Бањска, во северниот дел на Косово, во кој еден полицаец смртно настрада, а двајца се повредени“, пренесува Анадолу.

„Потребно е да се утврдат сите факти за нападот. Одговорните сторители мораат да се соочат со правдата. Повеќе невини животи се загрозени во тековните непријателства во околината на манастирот Бањска. Овие напади мораат веднаш да запрат“, рече Борел.

Тој додаде дека припадниците на Мисијата на Европсакта унија за владеење на правото во Косово (ЕУЛЕКС) се на терен и се во бизок контакт со власта и КФОР.

„ЕУ и нејзините земји-членки повеќепати ги повикаа сите актери да работат на деескалација на ситуацијата во северниот дел на Косово“, порача Борел.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Рама: Неопходна е мировна конференција, за кризата во Косово да не прерасне во дестабилизирачки пожар за целиот регион

Следно

Полиција на Косово: Убиен еден од напаѓачите во Бањска, затворени граничните премини Јариње и Брњак

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop