Борче Марковски пуштен од притвор, битолскиот Суд ја објаснува одлуката – еве колкава гаранција дал

January 23, 2026
1 min read

Куќа со двор и 3 стана во Битола, 25 булдожери и камиони, се гаранцијата која ја дал сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул на Белорусија, Борче Марковски за да биде пуштен од притвор.

Одлуката ја донел Основниот суд во Битола иако претходно битолското Обвинителство се изјаснило негативно по неговото барање. Судот донел одлука за мерки на претпазливост, односно еднаш неделно да се јавува во судот. Привремено му е одземен пасошот.

Од Обвинителството дале и приговор во однос на надлежноста на Кривичниот совет од битолскиот Суд, бидејќи сметале дека Апелационит суд треба да одлучува. Во јануари годинава битолското Обвинителство поднесе обвинение против Борче Марковски и уште двајца вработени во фирмата, како и против петмина поранешни раководители во РЕК Битола, меѓу кои и поранешниот директор Пеце Матевски. Марковски беше во притвор по апсењето на 9 октомври. Тој и уште седум лица се сомничат дека незаконски наплатиле над 1, 7 милиони евра од РЕК Битола, иако дел од договорените работи не биле извршени.

Тој е во центарот на аферата со ископ на јаглен за „РЕК Битола“ со години важи за највлијателен во регионот. Неговата компанија, основана во 2002 година, во 2024 година остварила приходи од над 45 милиони евра, сума која ја позиционира меѓу најголемите градежни фирми во Македонија. „Марковски Компани“ со години добивала огромни договори во РЕК Битола, ископ на јаглен, јаловина, одржување и механизација. Најголемиот тендер во 2023 година беше вреден рекордни 46 милиони евра.

Во врска со ова, денеска со соопштението до јавноста реагираше и Основниот суд Битола. Во него, на крајот се вели:

Во интерес на јавното мислење напоменуваме дека со обвинението осомниченото физичко лице се терети дека незаконито заради незавршени работи, на осомниченото правно лице му била исплатена имотна корист во вкупен износ од 106.200.000,00 денари, од кои 90.000.000,00 денари, претставуваат надомест за вршење на договорни услуги, а 16.200.000,00 денари, претставуваат износ на ДДВ по стапка од 18%.

„Со привремените мерки замрзнати му се парични средства од 4.073.643,00 денари и 572,97 евра, како и финансиските средства кои се наоѓат на сметките на осомниченото правно лице во износ од 2.813.636,00 денари. Гаранцијата е определена на износ од 303.879.265,00 денари или 4.937.317 евра, што значи дека гаранцијата е скоро три пати повисока од евентуалната имотна корист, а и му се замрзнати финансиски средства. Крајно од страна на Основното јавно обвинителство Битола дадено е позитивно мислење за прифаќање на гаранцијата во износ од 169.286 евра – во недвижен имот, за едниот осомничен. Друго е прашањето и зошто од 9 (девет) обвинети, во текот на истражната постапка само за двајца е предложена мерка притвор од страна на Основното јавно обвинителство Битола.“

Целото соопштение на Основниот суд Битола можете да го прочитете на следниот линк.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба Омерагиќ – Исаку за време на подготовките на Струга ТЛ

Следно

„Машина“ за голови: Мбапе атакува на рекордите на Роналдо!

Latest from Blog

Се огласи Тимоти Шаламе по историската номинација за Оскар

Номинациите беа објавени вчера, а меѓу истакнатите беа голем број познати актерски имиња, пишува Дејли Меил. Историскиот успех на Тимоти Шаламе 30-годишниот Шаламе ја доби својата трета номинација за најдобар актер, овој пат

ПОВЕЌЕ ОД 100 ЛИЦА УАПСЕНИ НА КОСОВО ПОРАДИ фалсификување на парламентарните избори

Повеќе од 100 лица беа уапсени на Косово под сомнение за фалсификување на резултатите од парламентарните избори одржани на 28 декември, а беше наредено пребројување на сите гласови, објави во петокот обвинителот

Средба Омерагиќ – Исаку за време на подготовките на Струга ТЛ

Во рамките на својата работна посета во Анталија, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, вечерва го посети и ФК Струга ТЛ. Омерагиќ денеска имаше целодневна активност со македонските клубови кои се подготвуваат
Go toTop